Средоземно грмушарче

(Пренасочено од Медитеранско грмушарче)
Средоземно грмушарче
Возрасен мажјак (центар)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Средоземно грмушарче
Научен назив
Sylvia hortensis
(Gmelin, 1789)

Средоземното грмушарче (научSylvia hortensis) — мала врапчевидна птица од семејството грмушари (Sylvidae), типичен претставник на родот грмушарчиња (Sylvia). Овој вид се размножува околу Средоземјето, преку Турција и Кавказ до Средна Азија. Таа е птица преселница, која зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во северна и северозападна Европа.

Опис

уреди
 
Средоземно грмушарче
 
Sylvia hortensis
 
Cuculus canorus bangsi + Sylvia hortensis

Средоземното грмушарче е долго 15–16 см, малку е поголемо од црноглавото грмушарче и е едно од најголемите видови во семејството. За разлика од другите грмушарчиња, мажјаците и женките не се разликуваат многу. Возрасниот мажјак има бледо сив грб и белкави долни делови. Клунот му е долг и тенок, нозете црни. Мажјакот има темносива глава, црна маска преку очите и бело грло. Ирисот му е бел. Женките и младенчињата имаат посветла глава и кремави долни делови, сивиот грб има кафеавкава нијанса. Ирисот кај младите птици е темен.[1] Песната е серија од чрчорења.

Поведение

уреди

Живеалиштето на оваа птица се отворените простори со грмушки. Се храни со инсекти, но и со бобинки меко овошје.[2] Гнездото го градат скриено во грмушки или на дрво. Несат 4-6 јајца.

Подвидови

уреди

Се прифаќаат два подвида од средоземното грмушарче[3], но, некои ги сметаат за посебни видови[4]:

  • Sylvia (hortensis) hortensis, западно средоземно грмушарче, во југозападна Европа, источно до Јадранско Море; мажјаците се порозовкави, а женките покремави одоздола;
  • Sylvia (hortensis) crassirostris, источно средоземно грмушарче - вклучувајќи ги balchanica и jerdoni, на Балканот преку Турција, Кавказ до Средна Азија; клунот им е подолг и посилен; малку црвеникави одоздола.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-12-26. Посетено на 2013-09-04.
  2. Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1
  3. Snow et al. 1998
  4. Helbig 2001, Jønsson & Fjeldså 2006
  • Sylvia hortensis. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  • Helbig, A. J. (2001): Phylogeny and biogeography of the genus Sylvia, in: Shirihai, Hadoram: Sylvia warblers: 24-29. Princeton University Press, Princeton, N.J. ISBN 0-691-08833-0
  • Jønsson, Knud A. & Fjeldså, Jon (2006): A phylogenetic supertree of oscine passerine birds (Aves: Passeri). Zoologica Scripta 35(2): 149–186. doi:10.1111/j.1463-6409.2006.00221.x (HTML abstract)
  • Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: