Мевалонска киселина

хемиско соединение

Мевалонската киселина (МВК) е клучно органско соединение во биохемијата; името е скратеница на дихидроксиметилвалеролактон. Анјонот на мевалонската киселина, кој претставува нејзината доминантна форма во клетката, е познат како мевалонат. Лековите како статини (кои го намалуваат нивото на холестерол во организмот) ја блокираат синтезата на мевалонатот со инхибиција на HMG-КоА редуктазата.[1]

Мевалонска киселина
Назнаки
150-97-0 Ок
ChEBI CHEBI:17710 Н
ChemSpider 388367 Н
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C00418 Н
PubChem 439230
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Хемија

уреди

Мевалонската киселина е многу растворлива во вода и во други поларни органски растворувачи. Таа постои во рамнотежа со својата лактонска форма, наречена мевалонолактон, која се создава со внатрешна кондензација на терминалниот алкохол и карбоксилната група.

Биологија

уреди

Мевалонската киселина е клучна молекула во биосинтетскиот пат познат како патот на мевалонската киселина (или мевалонатен пат), со кој синтетизираат стероидите и терпеноидите. Таа е претходник на соединението изопентенил пирофосфат (IPP), од кое се синтетизираат сите терпеноиди. Мевалонската киселина е хирална молекула, а (3R)-енантиомерот е оној кој е биолошки активен.

 
Мевалонатен пат

Наводи

уреди
  1. Endo, A. (1992). „The discovery and development of HMG-CoA reductase inhibitors“. Journal of Lipid Research. 33 (11): 1569–1582. PMID 1464741.