Статин
Статините исто така познати како HMG-CoA редуктаза инхибитори, се класа на лекови кои го намалуваат нивото на липиди.
Статин | |
---|---|
Класа на лек | |
Ловастатин, соединение изолирано од Aspergillus terreus, бил првиот статин на пазарот. | |
Употреба | Зголемено ниво на холестерол |
Биолошки таргет | HMG-CoA редуктаза |
ATC код | C10AA |
Надворешни врски | |
MeSH | D019161 |
AHFS/Drugs.com | Drug Classes |
Несаканите ефекти на статините вклучуваат мускулна болка, зголемен ризик од дијабетес мелитус, и абнормални резултати на тестовите за хепатални ензими.[1]
Заклучно со 2010 година, голем број на статини се наоѓаат во промет: аторвастатин, флувастатин, ловастатин, питавастатин, правастатин, росувастатин и симвастатин.[2] Достапни се и комбинации на статин со друг агенс, како езетимиб/симвастатин. Во 2005, продажбата на статини во САД е проценета на околу US$18.7 милијарди.[3] Најпродаваниот статин е аторвастатинот исто така познат како Липитор, кој во 2003 станал најпродаваниот лек во историјата.[4] Производителот Фајзер пријавил добивка од US$12.4 милијарди во 2008.[5]
Несакани ефекти
уредиНајважните несакани ефекти од употребата на статини се мускулна болка и мускулна слабост, дијабетес мелитус, хеморагичен мозочен удар и миопатија, која може да прогредира до рабдомиолиза.
Механизам на дејство
уредиСтатините делуваат преку компетитивна инхибиција на ензимот HMG-CoA редуктаза. Овој ензим е одговорен за претворањето на 3-хидрокси-3-метил-глутарил-коензим A во мевалонат, главниот претходник во синтезата на стеролите, вклучувајќи го и холестеролот.
Наводи
уреди- ↑ Naci H, Brugts J, Ades T (2013). „Comparative tolerability and harms of individual statins: a study-level network meta-analysis of 246 955 participants from 135 randomized, controlled trials“ (PDF). Circ Cardiovasc Qual Outcomes. 6 (4): 390–9. doi:10.1161/CIRCOUTCOMES.111.000071. PMID 23838105.
- ↑ Sweetman, Sean C., уред. (2009). „Cardiovascular drugs“. Martindale: the complete drug reference (36th. изд.). London: Pharmaceutical Press. стр. 1155–434. ISBN 978-0-85369-840-1.
- ↑ Taylor, FC; Huffman, M; Ebrahim, S (11 December 2013). „Statin therapy for primary prevention of cardiovascular disease“. JAMA. 310 (22): 2451–2. doi:10.1001/jama.2013.281348. PMID 24276813.
- ↑ Simons, John (20 January 2003). „The $10 Billion Pill“. Fortune. 147 (1): 58–62, 66, 68. PMID 12602122. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2018-10-05.
- ↑ "Doing Things Differently" Архивирано на 12 мај 2013 г., Pfizer 2008 Annual Review, 23 April 2009, p. 15.