Маѓепсани (филм)

(Пренасочено од Маѓепсана (филм))

Маѓепсани (англиски: Enchanted) е анимирана комедија драма фантазија филм од 2007 год. Филмот уште од првата недела од прикажување заработи 35 милиони долари и го надмина Беовулф со Анџелина Џоли во главната улога.

„Маѓепсани
Enchanted“
РежисерКевин Лима
ПродуцентБери Соненфилд
СценаристБил Кели
Главни улогиЕјми Адамс
Патрик Демпси
Џејмс Марзден
Тимоти Спол
Идина Мензел
Жанрмјузикл, комедија, анимација, фантазија
МузикаАлан Менкен
КинематографијаДон Бургес
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера21 ноември 2007
Времетраење117 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$75 000 000

Синопсис уреди

Во анимираниот свет на бајките, во земјата Андалазија, една млада девојка се вљубува во прекрасен принц од соништата. Вестите за нивната романса ја вознемируваат маќеата на принцот, злобната кралица Нариса (Сузан Сарандон), која со помош на црна магија ја брка принцезата Жизел (Ејми Адамс) во единственото место на светот каде што нема вистинска љубов: Менхетн, Њујорк. Вчудовидена од новото опкружување кое не функционира по принципот “си живееја среќно до крајот на животот”, Жизел е комплетно изгубена во еден непознат свет во кој владеат други правила. На помош и доаѓа шармантниот адвокат (Патрик Демпси) во кој почнува да се вљубува, иако му е ветена на совршениот принц од бајките (Џејмс Марзден).