Мачешка змија
Мачешка змија | |
---|---|
Telescopus fallax from Malta | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | Гуштери |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Смокови |
Род: | Мачешка змија |
Вид: | Мачешка змија |
Научен назив | |
Telescopus fallax (Fleischmann, 1831) | |
Синоними[1] | |
Мачешка змија (науч. Telescopus fallax) — отровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) што живее во Македонија[2], по Средоземјето и на подрачјето на Кавказ.
Распространетост
уредиПокрај Македонија, оваа змија се среќава во Италија, Грција (Парос, Антипарос, Турлос, Крит, Калимнос, Самос, Милос, Крф), Албанија, крајбрежна Словенија, Хрватска (вкл. некои јадрански острови), Херцеговина, Црна Гора, јужна Бугарија, Турција, Малта, Кипар, Иран, Ирак, Сирија, Израел, јужна Русија (Кавказ, Дагестан), Ерменија, Грузија и Азербејџан.
Опис и поведение
уредиИако е отровна, мачешката змија не е закана за луѓето бидејќи забите ѝ се наоѓаат на задниот дел од горната вилица, со кои не може да касне човек. Ваквите заби сепак се погодни за усмртување на нејзиниот природен плен.
Исхрана
уредиОваа змија се храни претежно со гекони и гуштери.
Пленот се каснува и се пушта да си отиде, чекајќи да делува отровот. Потоа го опипува воздухот и со тоа пронаоѓа каде заминало животното. Кога ќе го најде усмртеното или парализирано животно, го голтнува цело, почнувајќи од главата.
Наводи
уреди- ↑ „Telescopus fallax“. IUCN Red List. Version 2012.2. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на March 22, 2013.
- ↑ Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]
- SCIBERRAS, A. (2004) The Contribution of Maltese Reptiles to Agriculture. MCAST link issue 9 pg 6.
Литература
уреди- Arnold EN, Burton JA. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. London: Collins. 272 pp. + Plates 1-40.
ISBN 0-00-219318-3. (Telescopus fallax, pp. 207–210 + Plate 38, Figures 4a, 4b + Map 120). - Fleischmann FL. 1831. Dalmatiae Nova Serpentum Genera. Erlangen, Germany: C. Heyder. 35 pp. (Tarbophis fallax, new species, p. 18).
Надворешни врски
уреди„Мачешка змија“ на Ризницата ? |
- Мачешка змија на Викивидовите ?
- „Мачешка змија“ — Енциклопедија на живиот свет