Мартин Онгла

фудбалер

Мартин Онгла Има II (роден на 16 март 1998 година, во Јаунде) — камерунски фудбалер, играч од средниот ред на Верона на заем од Ројал Антверпен и на камерунската репрезентација.

Мартин Онгла
Лични податоци
Полно име Мартин Онгла Има II[1]
Роден на 16 март 1998(1998-03-16)(26 г.)
Роден во Јаунде, Камерун
Држава Камерун Камерун
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Верона Верона
Број 78
Младинска кариера
Академија Нкуфо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016-2019 Гранада Б Гранада Б 35 (1)
2017-2019 Гранада Гранада 10 (0)
2018Барселона Б Барселона Б 6 (0)
2019Карпати Карпати 13 (2)
2019- Ројал Антверпен Ројал Антверпен 43 (3)
2021-Верона Верона 10 (0)
Репрезентација
2020- Камерун Камерун 8 (0)
* Ажурирано на: 23 април 2021
** Ажурирано на: 23 април 2021

Клупска кариера

уреди

Роден во Јаунде, Онгла ја посетувал спортската академија Нкуфо на поранешниот фудбалер Блез Нкуфо, пред да се приклучи на шпанската Гранада во 2016 година.[2] Веднаш по доаѓањето во клубот, тој бил приклучен на резервите во Сегунда Дивисион Б, каде го направил своето деби на 21 август 2016 година, започнувајќи во ремито 1–1 на домашен терен против Атлетико Манча Реал.[3]

На 28 јануари 2017 година, Онгла го направил своето деби за првиот тим на Гранада во Примера Дивисион, играјќи цели 90 минути во поразот со 2-0 од Виљареал.[4] Во пресрет на сезоната 2017–2018, Онгла дефинитивно бил промовиран во главниот тим, но сега во Сегунда Дивисион.[5] На 16 јануари 2018 година, тој бил позајмен во Барселона Б на шест месеци, екипа од истата лига.[6]

На 3 јули 2019 година, по шестмесечна позајмица во украинскиот клуб Карпати Лавов, Онгла му се приклучил на Ројал Антверпен во Белгиската Про лига.[7] Во својата прва сезона во Белгија, Онгла одиграл 15 натпревари без постигнат гол, помагајќи му на клубот да го освои Купот на Белгија играјќи го целиот натпревар во финалето против Клуб Бриж, кое завршило со победа на Антверпен од 1-0.

На 9 јули 2021 година, Онгла се преселил во италијанската екипа член на Серија А, Верона, на заем - кој може да стане обврска за откуп доколку се исполнат некои услови.

Репрезентативна кариера

уреди

За сениорската репрезентација на Камерун дебитирал на 16 ноември 2020, во победата со 2-0 над Мозамбик во Мапуто во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[8]

Бил повикан во репрезентацијата да игра на Африканскиот куп на нации 2021.

Титули

уреди

  Ројал Антверпен

уреди
2019-2020

Наводи

уреди
  1. „Martin HONGLA“. Confederation of African Football. Посетено на 7 August 2018.
  2. „Martin Hongla, convicción y atrevimiento“ [Martin Hongla, confidence and audacity] (шпански). Granada Digital. 30 September 2016. Посетено на 28 January 2017.
  3. „El Atlético Mancha Real debuta con un empate en Granada“ [Atlético Mancha Real debut with a draw in Granada] (шпански). El Deporte de Jaén. 21 August 2016. Посетено на 28 January 2017.
  4. „El Villarreal vuela sin Pato“ [Villarreal fly without Pato] (шпански). Marca. 28 January 2017. Посетено на 28 January 2017.
  5. „Martin Hongla tendrá ficha con el primer equipo“ [Martin Hongla will have a first team place] (шпански). Ideal. 14 July 2017. Архивирано од изворникот на 2019-04-23. Посетено на 18 July 2017.
  6. „Granada CF agree to loan of Martin Hongla“. FC Barcelona. 16 January 2018. Посетено на 18 January 2018.
  7. „Comunicado | El Granada CF acuerda el traspaso de Hongla al Royal Antwerp FC“ [Announcement | Granada CF agree the transfer of Hongla to Royal Antwerp FC] (шпански). Granada CF. 3 July 2019. Посетено на 5 July 2019.
  8. „Mozambique v Cameroon game report“. ESPN. 16 November 2020.

Надворешни врски

уреди