Маркус Нејтн Бент (роден на 19 мај 1978 година) — поранешен англиски фудбалер, напаѓач.

Маркус Бент
Лични податоци
Роден на 19 мај 1978(1978-05-19)(46 г.)
Роден во Хамерсмит, Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција Напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1998 Брентфорд 70 (8)
1998-1999 Кристал Палас 28 (5)
1999 Порт Вејл 23 (1)
1999-2000 Шефилд Јунајтед 48 (20)
2000-2001 Блекбурн 37 (8)
2001-2004 Ипсвич 61 (21)
2003-2004Лестер Сити 33 (9)
2004-2006 Евертон 55 (7)
2006-2008 Чарлтон 46 (4)
2007-2008Виган 31 (7)
2008-2011 Бирмингем Сити 33 (3)
2009-2010Мидлзборо 7 (0)
2010КПР 3 (0)
2010-2011Вулверхемптон 3 (0)
2011Шефилд Јунајтед 11 (0)
2011-2012 Митра Кукар 11 (4)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Тој е поранешен репрезентативец на Англија во селекцијата под 21 година и во својата кариера играл за четиринаесет различни клубови, во кој одиграл 569 натпревари и постигнал 113 гола во процесот.

Кариера

уреди

Бент ја започнал својата кариера во Брентфорд во 1995 година, пред да потпише со Кристал Палас во 1998 година. Следната година тој му се приклучил на Шефилд Јунајтед преку Порт Вејл. Во 2000 година направил трансфер во Блекбурн Роверс, каде што добил можност да го почувствува вкусот на Премиер лигата, пред да се пресели во Ипсвич Таун во 2001 година. Тој поминал во сезоната 2003-04 период на заем во Лестер Сити, пред тој да биде купен од страна на Евертон во 2004 година. Две години подоцна тој бил продаден на Чарлтон. Од таму сезоната 2007-08 ја поминал на позајмица во Виган Атлетик, пред да се пресели во Бирмингем Сити во 2008 година. Тој поминал три години со Бирмингем, за време на кој бил позајмуван и во Мидлзборо, Квинс Парк Ренџерс, Вулверхемптон и Шефилд Јунајтед. По напуштањето на клубот тој поминал шест месеци во Индонезија во тимот на Митра Кукар.

Надворешни врски

уреди

Профил на Маркус Бент на soccerway