Марија Каролина Елизабет Гролмус (сорбиски: Marja Grólmusec) (24 април 1896 во Лајпциг6 август 1944 во Равенсбрик) била католички лужички публицист и член на социјалистичкиот отпор против нацистичката влада.

Марија Гролмус на поштенска марка (1959)

Животопис

уреди

Марија Гролмус била родена на 24 април 1896 година во Лајпциг, а нејзиниот татко бил директорот и лингвист д-р Јоханес Гролмус (лурбиски: Jan Grólmus). Откако го завршила своето формирање на Gaudigsches Lehrerinnenseminar во Лајпциг во 1917 година,[1] кратко време работела како наставничка во основно училиште во Бургершул Лајпциг-Родниц пред да ги започне своите студии по лингвистика и историја во Берлин и Лајпциг. Дипломирала во 1928 година, докторирајќи со тезата Joseph Görres und die Demokratie („Жозеф Герес и демократијата“). Додека студирала, најпрво била членка на младинската организација Виндхорстбунд, а подоцна[2] станала член и на Социјалистичката студентска унија (Sozialistischer Studentenbund).[3]

Марија Гролмус била особено заинтересирана за политичкото новинарство. Па така, таа напишала повеќе написи за Rhein-Mainische Volkszeitung, весник близок до левото крило на Zentrumspartei[3] и за списанието на католичкото младинско движење „Quickborn“ наречено Die Schildgenossen, иницирано од Романо Гвардини.

Иако била член на повеќе разни партии низ годините, нејзиниот политички фокус секогаш бил кон социјалната и левичарската политика. Таа почнала како член на Социјалдемократска партија на Германија (SPD) во 1927 година и ја напуштила партијата за да се приклучи на Комунистичката партија на Германија (KPD) во 1929 година. Таа била исклучена од КПД поради нејзиното противење на формирањето на одделни комунистички синдикати, па се приклучила на Комунистичката партија-опозиција, на чие малцинско крило и припаѓала заедно со Пол Фролих и Џејкоб Вaлчер. Тие ја напуштиле партијата во 1932 година за да се приклучат на Социјалистичката работничка партија на Германија (SAPD).[4]

Откако нацистите дошле на власт, таа противзаконски ја продолжила својата политичка активност. Во тесна соработка со Arbeitskreis Revolutionärer Sozialisten, таа ги поддржувала политичките затвореници, транспортирала илегална литература и им помагала на загрозените другари да избегаат во Чехословачка. Оперирала од селото Радибор во Горна Лужица, родното место на нејзиниот татко. Таа била во контакт со групите на отпорот на СПД, КПД, САПД и австрискиот социјалист Ото Бауер.[3]

 
Гробот на Гролмус на гробиштата во Радибор

Таа била осудена од германските власти и на 7 ноември 1934 година била уапсена заедно со Херман Рајнмут.[5] Првично била затворена во Дрезден. Таа била осудена на шест години затвор од Volksgerichtshof на 23 ноември 1935 година и била испратена во затворот Валдхајм.[6] За време на нејзиниот притвор, таа се свртела кон католичката духовност. Нацистичката влада ѝ понудила слобода и терапија за рак, доколку таа се согласи да шпионира за нив во движењето на отпорот на Лужичките Срби, откако го отслужи својот мандат. Таа одбила, па како резултат била испратена во концентрациониот логор Равенсбрик. Во Равенсбрик, таа се обидела да им помогне на полските и чехословачките затвореници користејќи ги нејзините јазични вештини.[5] Таа починала на 6 август 1944 година поради операција на тумор спроведена под несоодветни околности. Нејзината урна била погребана на гробиштата во Радибор.

Почести

уреди
 
Статуа на Гролмус пред училиште што го носи нејзиното име во Радибор
 
Комеморативна плоча во Бауцен

Таа била почестена од ГДР поради нејзината улога како антифашистички борец и борец на отпорот. Повеќе лужички градови имаат улици именувани по неа, вклучувајќи ги Бауцен, Хојерсверда, Лајпциг. Во Шлајфе и Радибор, училиштата се именувани по неа. Во Радибор има и нејзина статуа.[7][8]

Дела

уреди
  • Die Frau und die junge Demokratie. Ein Bericht über Frau, Politik und Demokratie. Frankfurt am Main. 1925.
  • „Über die weibliche Form der Politik“. Die Schildgenossen (1). 1926.
  • „Was ist die linke Sozialdemokratie?“. Gegen den Strom (4). 1931.
  • Josef Görres und die Demokratie: Aufstieg und Höhepunkt - von den Anfängen bis zum Jahre 1819 (PhD thesis) (германски). Leipzig: Universität Leipzig. 1927.

Дополнителна литература

уреди
  • Maria Kubasch: Maria Grollmuss. Für eine Zukunft echter Gemeinschaft (= Christ in der Welt, Heft 26). Union-Verlag, Berlin 1970.
  • Prégardier, Elisabeth; Mohr, Anne (2000). Briefe nach Radibor: Maria Grollmuß (1896–1944). Aus dem Zuchthaus Waldheim und dem Konzentrationslager Ravensbrück (германски). Annweiler: Plöger. ISBN 3-924574-69-3.
  • Gerd Schäfer: Dr. Maria Grollmuß (1896–1944) – Eine fast vergessene Grenzgängerin. In: Arbeit - Bewegung - Geschichte|JahrBuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, Jg. 2012, Heft III.
  • Sack, Birgit (2023). Maria Grollmuß 1896–1944 : Biografische Annäherung und Erinnerungsnarrative. Göttingen: Wallstein. ISBN 978-3-8353-5372-5.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Gedan, Paul, уред. (1924). Das städtische Lehrerinnenseminar zu Leipzig. Gedenkschrift zur Feier des 25jährigen Bestehens (германски). Leipzig. стр. 62.
  2. Grólmusec, Marja (2000). Prégardier, Elisabeth; Mohr, Anne (уред.). Briefe nach Radibor : Maria Grollmuß, 1896-1944 : aus dem Zuchthaus Waldheim und dem Konzentrationslager Ravensbrück von 1938-1944 (германски). Annweiler: Plöger. стр. 172. ISBN 3-924574-69-3. OCLC 45539984.
  3. 3,0 3,1 3,2 Kollecker, Kerstin (2015). „Grollmuß, Maria Karoline Elisabeth, Dr. phil. (sorbisch Marja Grólmusec)“ (германски). Stadt Leipzig. Посетено на 11 March 2023.
  4. Grólmusec, Marja (2000). Prégardier, Elisabeth; Mohr, Anne (уред.). Briefe nach Radibor : Maria Grollmuß, 1896-1944 : aus dem Zuchthaus Waldheim und dem Konzentrationslager Ravensbrück von 1938-1944 (германски). Annweiler: Plöger. стр. 173. ISBN 3-924574-69-3. OCLC 45539984.
  5. 5,0 5,1 Steinbach, Peter; Tuchel, Johannes; Adam, Ursula, уред. (1998). Lexikon des Widerstandes : 1933-1945 (германски) (2. изд.). München: C. H. Beck. стр. 74 et seq. ISBN 3-406-43861-X. OCLC 40603221.
  6. Grólmusec, Marja (2000). Prégardier, Elisabeth; Mohr, Anne (уред.). Briefe nach Radibor : Maria Grollmuß, 1896-1944 : aus dem Zuchthaus Waldheim und dem Konzentrationslager Ravensbrück von 1938-1944 (германски). Annweiler: Plöger. стр. 174. ISBN 3-924574-69-3. OCLC 45539984.
  7. „Stele für sorbische Widerstandskämpferin in Radibor“. Zeit (германски). 22 April 2021. Архивирано од изворникот на 2023-03-11. Посетено на 11 March 2023.
  8. „Infotafel erinnert an eine Unbequeme“. Sächsiche Zeitung (германски). DDV-Mediengruppe. 23 April 2021. Посетено на 11 March 2023.