Мара Атанасова (Стрмашево)

Мара Атанасова (15 август 1921 во Стрмашево — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Животопис

уреди
 
Мара Атанасова е носител на Партизанската споменица 1941.

Учествувала во напредното работничко движење пред војната во Кавадарци. Од 1940 година била ангажирана во работата на партиската техника на МК КПЈ - Кавадарци, пренесувала илегален материјал, растурала летоци и собирала оружје. Со отпочнувањето на вооруженото востание нејзиниот дом станал илегално засолниште. Во април 1941 година била примена за член на СКОЈ. Зела активно учество во подrотовките за исфрлањето на Партизанскиот одред „Добри Даскалот“, а во мај 1943 година станала и негов борец. Во декември 1943 година била примена за член на КПМ. Војувала до ослободувањето на Земјата. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 984.