Мара Андреевска
Мара Стојанова Андреевска (23 август 1924 во Извор (Велешко) — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.[1]
Животопис
уредиЗа време на кралството Југославија му припаѓала на народното македонско движење во Прилеп. Од 1938 година била член на младински актив. Како член на СКОЈ била примена од 1940 година. Од 1941 година до 1943 година делувала како скоевка и раководела со младински актив. На 23 август 1943 година (на нејзиниот роденден) стапила во баталјонот „Мирче Ацев”.[1]
Во НОВ rи заземала следниве должности: политички делегат на чета, баталјонски секретар, четен секретар, баталјонски секретар на СКОЈ и политички комесар на баталјон. Таа е носител на Партизанска споменица 1941 и други одликувања.[1]
Наводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |