Манастириште (Свиништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Манастириште

Карта

Местоположба 41°11′22″N 20°56′35″E / 41.18944° СГШ; 20.94306° ИГД / 41.18944; 20.94306
Основни податоци
Место Свиништа
Општина Охрид
Тип

 црква


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Манастириштеархеолошко наоѓалиште во охридското село Свиништа. Претставува црква од раниот средниот век.

На 3 км јужно од селото по површините на нивите се среќаваат остатоци од градба. Просторот е раскопуван од диви копачи при што е откриен ѕид со правец исток-запад, граден од покрупни камења и од поситни плочести камења врзувани со варов малтер. Зачуван е во височина од 1,10 м и е широк 0,70-0,80 м.

По површината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди и обработен бигор.[1]

Поврзано

уреди
  • Дабје — средновековна црква
  • Долиште — населба и топилница од доцноантичко време
  • Пирчишта — населба од неолитот и средновековна тврдина

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 276. ISBN 9989-649-28-6.