Долиште (Свиништа)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Долиште“
| |
Местоположба | 41°12′16″N 20°56′16″E / 41.20444° СГШ; 20.93778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Свиништа |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Долиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Свиништа. Претставува населба и топилница од доцната антика.
На западниот раб на селото, во непосредната близина на плевната на П. Смилески, по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и остатоци од топена железна руда. Во атарот на селото се регистрирани стари рударски окна кај месноста Дувло, до изворите на Свинишка Река.[1]
Поврзано
уреди- Дабје — средновековна црква
- Манастириште — раносредновековна црква
- Пирчишта — населба од неолитот и средновековна тврдина
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 276. ISBN 9989-649-28-6.