Малокорапско Езеро


Мало Корабското Езеро (познато и како Езеро Мал Кораб) е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Мал Кораб, во Македонија. Езерото  Мал Кораб или Малокорапското Езеро се  наоѓа  под  врвот  Мал  Кораб,  во  изворишниот  дел  на  Длабока  Река,  на надморска  височина  од  2,310  метри[1].  Површината  на  езерото  изнесува  1,374 м2 ,  а  неговата максимална длабочина околу 35 см[1]. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на пространото зарамнето источното подножје под врвовите Мал Кораб и Малкорапска Стена, однсно сместено е во пределот помеѓу месностите Езеро и Бруштла, на североисток од врвот Мал Кораб, непосредно на југозапад од високопланинскиот превој Мала Корапска Врата и високо на запад над долината на Длабока Река. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците и нема истека на вода од своето кориот. Именувањето на езерото како Малокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Мал Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е поголемо од блиското Големокорапско Езеро.

Мало Корапско Езеро

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Површина 1374 м2
Длабочина 35 см м
Надморска висина 2.310 м
Планина Кораб

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 9 октомври 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)