Корапски Водопад
Корапскиот Водопад (Пројфелски Водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.
Корапски Водопад | |
---|---|
Корапскиот Водопад | |
Место | Кораб, Македонија |
Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.
Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.
Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибање, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини[1].
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Водопад на Длабока Река“. mkdmount.org. Архивирано од изворникот на 2012-03-12. Посетено на 13 септември 2010.