Мала Корапска Врата

Мала Корапска Врата — високопланински превој на планината Кораб во западна Македонија. Преслапот Мала Корапска Врата е висок 2.465 метри надморска височина и ги поврзува, односно меѓусебе  ги дели гребените (масивите) на врвовите Голем Кораб на север и Мал Кораб  на  југ[1]., во средишниот дел на планината Кораб. Се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб, а по него води и македонско-албанската државна граница. Непосредно ги поврзува врвот Малокорапска Стена (и Мал Кораб) на југ-југозапад и Корабец/Безимен (и Голем Кораб) на север-североисток. Точната местоположба на превојот Мала Корапска Врата е 41°46’ северна географска широчина и 20°32’ источна географска должина. Преку превојот води тесна сточарска патека која претежно ја користат овчари од Албанија кои го преминуваат превојот со своите стада овци кои ги напасуваат веднаш на пространото пасиште во пределот Бруштла каде се наоѓа и Малокорапското Езеро на територијата на Македонија.

Поглед на превојот Мала Корапска Врата
Поглед на превојот Мала Корапска Врата
Граничен камен и бункер (на албанска страна) на Мала Корапска Врата

Поради тоа што на преслапот минува и граничната линија помеѓу Македонија и Албанија, во минатото тој имал големо безбедносно и геостратешко значење поради што веднаш на самиот превој се наоѓа граничен камен и бункер (пушкарница) од албанска страна до самата гранична линија, кој воедно можеби е и бункер изграден на најголема надморска височина.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 27 септември 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)