Мала пиштарка

вид птица
Мала пиштарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Пиштарковидни
Семејство: Пиштарки
Род: Apus
Вид: Мала пиштарка
Научен назив
Apus apus
(Linnaeus, 1758)
Распространетост

Малата пиштарка (научApus apus) е средно голема птица, надворешно многу слична на селската или градската ластовичка, но малку поголема. Таа е сосема неповрзана со овие врапчевидни видови и спаѓаат во посебен ред Apodiformes (пиштарковидни). Сличноста произлегува од животниот стил кој е речиси ист. Научното име произлегува од старогрчките α „без“, и πούς, „нозе“. Овие птици имаат многу кратки нозе кои ги користат за качување по вертикални гребени. Доброволно тие никогаш не се на земја, каде се многу ранливи на несреќи и од грабливци.

Таксономија

уреди

Малата пиштарка е една од многуте видови опишани од Карл Лине во неговата Systema naturae во 1758. Претходниците на средноевропските подвидови кои живееле за време на последното ледено доба, биле опишани како Apus apus palapus.

Опис

уреди

Малата пиштарка е долга 16-17 см и има распон на крилјата 38-40 см.[2] Тие се речиси целосно црнокафеави, освен малата бела или светла дамка кај брадата која не е видлива од далечина. Имаат кратка чаталеста опашка и многу долги наназад свиени крилја во форма на полумесечина или бумеранг.

Нивниот повик е силно врескање во два различни тона, од кои повисокиот е од женките. Често прават „врескачки забави“ за време на летните вечери кога 10-20 птици летаат околу своето место за гнездење, пискајќи и добивајќи одговор од птиците што се во гнездата. Поголеми „врескачки забави“ се формираат на поголема надморска височина, особено подоцна во сезоната на парење. Целта на овие забави не е сосема позната, но може да ја вклучува подготовката за „спиење на крило“, додека паровите сè уште ги минуваат ноќите во гнездо.

Распространетост

уреди

Малите пиштарки се птици преселници. Летно време се размножуваат од Шпанија и Ирска на запад, до Кина и Сибир на исток. На југ, нивната распространетост достига до северна Африка (Мароко и Алжир), и ја има на Средниот Исток, во Израел, Либан и Сирија, преку Турција, во цела Европа вклучувајќи ја и Македонија, на север сè до Норвешка и Финска. Ги нема во Индија. Се селат во екваторска Африка.

Поведение

уреди

Размножување

уреди
 
Младенче, сè уште неспособно да лета

Пиштарките може да гнездат во дупки од клукајдрвци во старите шуми, како што се забележани 600 птици во Биаловиеската Шума во североисточна Полска, или помала колонија во комбинирани гнезда - дупки од клукајдрвци и куќички за птици, во Шкотска. Поради намалување на природните вгнездувачки места, со уништување на шумите, сè повеќе пиштарки прифаќаат вештачки места во урбаните средини. Таму гнездата ги градат под тераси, прозорци, под стреи со природни материјали фатени во воздух и врзани со нивната плунка.

Пиштарките создаваат парови кои живеат заедно повеќе години и често се враќаат на истото место за гнездење поправајќи си ги истите гнезда што се подразрушиле за време на нивното 40-неделно отсуство за време на преселбата.

Младенчињата може да ја спуштат својата телесна температура и метаболизам ако има потреба, за да преживеат неколку дена без храна.

Исхрана

уреди
 
Неколку птици во лет

Освен додека инкубираат, малите пиштарки го минуваат својот живот во воздух, ловејќи инсекти во лет, тие јадат, пијат, често и се размножуваат, па дури и спијат во лет.[3] Ниту една друга птица не поминува толку време во лет. Хранењето може да биде многу долго поради оддалеченоста, на места богати со инсекти, како што се влажните краишта. Јата од над 2000 птици не се невообичаени да се видат над поплавени земјишта, езера и мочурливи речни делти кои се собираат таму во оддалеченост од 100 км полупречник.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Apus apus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Common Swift - Apus Apus
  3. Common Swift - Apus Apus

Надворешни врски

уреди