Кирли Дервент
Кирли Дервент (грчки: Κιρλί Ντερβέν, турски: Kirli Dervent, во превод Валкан Превој) — планински превој во Леринско, Егејска Македонија.[1]
Кирли Дервент | |
---|---|
Κιρλί Ντερβέν | |
Надм. вис. | 760 м |
Место | Леринско, Егејска Македонија |
Венец | Нередска Планина и Ниџе |
Координати | 41°19′10″N 23°05′10″E / 41.3194° СГШ; 23.0862° ИГД |
Опис
уредиПревојот се наоѓа ма височина од 760 м меѓу ридовите Кара Дуру (1.009 м, дел од Нередска Планина) на запад и планината Мала Ниџе (Стрмно Брдо, 857 м, дел од Ниџе) на исток.[1] Во Кирли Дервент се наоаѓа селото Церово.[2] Претставува важна сообраќајница која ја поврзува котлината Пелагонија на север со котлината Сариѓол на југ, и низ него минува државниот пат Елевсина - Негочани (EO3) и железница. Превојот е кривулест и широк 100-300 м со стрмни карпести страни високи до 1000 м.[3][4][5]
Историја
уредиНиз историјата на овој превој се случиле бројни вооружени судири. Во 358 г. п.н.е. се одиграла Битката во долината на Еригон, веднаш западно од Кирли Дервент, во која Филип II Македонски им нанел решителен пораз на Дарданците.[6] На 19 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна превојот бил заземен во заедничка акција на грчката армия и Костурската соединета чета на војводата Васил Чакаларов.[7] На 19 август 1916 г. во Првата светска војна за време на Леринската битка, VIII пешадиска тунџанска дивизија на Бугарската армија успеала да го заземе Кирли Дервент по тешки борби со Антантата. Во Втората светска војна превојот е освоен од I оклопна СС-дивизија „Телесна гарда на Адолф Хитлер“ по ожесточената Битка кај Баница.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 428. ISBN 978-960-86676-6-2.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Bill Robertson, no date, quoted by Australian Department of Veteran's Affairs, "Archive No. 2336 Name: William Robertson"“. Архивирано од изворникот на 28 септември 2007. Посетено на 11 октомври 2006.
- ↑ Long, Gavin (1953). Greece, Crete and Syria. Australia in the War of 1939–1945. II (1. изд.). Canberra: Australian War Memorial. стр. 57.
- ↑ DiggerHistory.info, no date, "Italian/German Invasion of Greece" Downloaded 10 October 2006. Архивирано на 28 септември 2007.
- ↑ Ray, F.E. (2012). Greek and Macedonian Land Battles of the 4th Century B.C.: A History and Analysis of 187 Engagements. McFarland, Incorporated, Publishers. стр. 95. ISBN 9780786469734. Посетено на 9 февруари 2015.
- ↑ Силянов, Христо. От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война – 1912 г., I. изд. Костурско благотворително братство – София, 1920, стр. 410-412.