Малата војна во Унгарија

Малата војна[6] е име кое ги означува конфликтите помеѓу хабсбуршката монархија и нејзините сојузници од една страна и Османлиското Царство од друга. Овој период трае од крајот на Виенаската опсада во 1529 година до Опсадата на Егер во 1552 година.

Малата војна
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни

Опсада на Естергом (1543)
Датум 1530 - о. 1552
Место Унгарија
Завојувани страни
Хабсбуршка Австрија
Свето Римско Царство
Шпанија
Папска Држава
Бохемија

Хабсбуршка Хрватска
Унгарско кралство[1]
Османлиско Царство
Регион Молдавија Молдавија
Унгарско кралство
Влашка Влашка
Српско деспотство
Франција[2][3][4]
Команданти и водачи
Фердинанд I ,
Никола Јуришиќ
Џон Саполаи
Сулејман I,
Влад Винтила де ла Слатина,
Петру Рареш
Сила
непознато околу 120,000 [5]
Жртви и загуби
непознато непознато

Војната следувала по неуспешната опсада на градот Виена во 1529 година од страна на Сулејман I. Фердинанд I започнал противнапад во 1530 година за да ја уништи големата војска која султанот ја имал донесено од Истанбул. По неколкуте места заземени од христијаните, одговорот од Сулејман престигнал во 1532 година, кога Османлиите повторно со огромна армија се упатиле кон Виена. Фердинанд ја повлекол својата војска оставајќи околу 700 војници (пешадија) да го бранат Косег[6]. Големиот везир на Османлиите, Паргали Ибрахим-паша знаел дека мора да биде освоен градот главно поради потребниот одмор од неуспешната опсада на Виена. Благодарение на храброто хрватско раководство, нападот на Османлиите бил одбиван. Во натамошниот тек, започнале преговори околу предавањето на градот. Градот бил мирно предаден, а целата христијанска армија била поштедена. По ова следувало потпишување на мировен договор, според Унгарија била признаена како осмабнлиско вазалство. Но, тоа не траело многу, бидејќи била воспоставена хабсбуршка власт повторно. Следувале голем број на битки помеѓу двете сили, во кој порази доживеувале и двете страни.

Во април 1543 Сулејман започнал нова кампања во Унгарија, која се покажала доста успешна. Голем дел од Унгарија се нашла под османлиска власт. Како дел од француско-унгарскиот договор, голем број на Французи исто така се нашле во Унгарија. Така, француските артилеристи биле испратени во 1543-1544 година да се борат на страната на Османлиското Царство. Во 1543 година бил заземен градот Естергом, а во следните години следувале и други градови. Мировниот договор помеѓу двете страни трале до 1552 година кога Сулејман одлучил да го нападне Егер.

Наводи

уреди
  1. http://books.google.com/books?id=4AuJvd2Tyt8C&pg=PA328#v=onepage&q=&f=false
  2. The Ottoman Empire and early modern Europe by Daniel Goffman, p.111 [1]
  3. Firearms of the Islamic world, p.38
  4. The Cambridge History of Islam, p.328
  5. Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 50: States that more were deployed than at Vienna in 1529.
  6. 6,0 6,1 Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 51