Максим V Цариградски
Максим V (грчки: Μάξιμος Ε΄; 26 октомври 1897 – 1 јануари 1972) бил православен христијански владика. Тој бил Вселенски патријарх од 1946 сè до 1948.
Животопис
уредиТој се родил како Максимос Вапорцис во северна Турција, во градот Синоп во Кастамонискиот вилает, на крајбрежјето на Црното Море. Тој најпрво се образовал, под заштита на митрополитот Германос Каравангелис од Амасија, во Теолошкото училиште на Халките, Истанбул.
Во 1918 бил назначен за ѓакон. Со ова напредување тој исто така станал учител во градското училиште во Тејра. Работел како архиѓакон под нарзор на митрополитите Грегориј Халкидонски и Јоаким Ефески. Во 1920 станал архиѓакон во самата Вселенска патријаршија.
Во 1946 тој станал цариградски патријарх. Тој бил познат по неговите „левичарски“ мислења и врски со московската патријаршија. Тој поднел оставка во 1948, официјално поради слабо здравје, додека неофицијално поради тоа што западните сили не ги одобрувале врските со советско-контролираната московска патријаршија. Тој бил наследен од архиепископот од Америка, Атинагора, и му било доделено името Ефески.
Починал во Швајцарија на 1 јануари 1972.
Надворешни врски
уредиДуховни титули | ||
---|---|---|
Претходник Венијамин |
Вселенски патријарх 1946–1948 |
Наследник Атинагора |
Оваа статија поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |