Максим I Цариградски
Максим I Цариградски — Цариградски архиепископ во 380 година, и соперник на Григориј I.
Животопис
уредиРоден во Александрија од сиромашно семејство, Максим бил дете на христијански родители, кои страдале поради својата верска определба, но дали станува збор за пагански или аријанско насилство не е познато. Максим ги обединил верувањата на правоверците со оние на киниличките филозофи. Од овие причини бил почитуван од теолозите правоверци. Атанасиј Александриски, во писмо напишано во 371 година,[1] му оддава почит пишувајќи во одбрана на правоверното верување.
Во 374 година, за време на владеењето на царот Валенс, во прогонот спроведен од страна на Лукиј, аријански Александриски патријарх, Максим бил камшикуван, и протеран во оаза, поради својата цврста верба во правоверието и поради помошта која ја понудил на оние кои пострадале од оваа причина.[2] Успеал да издејствува ослободување по четири години, најверојатно по смртта на Валенс, и по кус период од неговото ослободување му ја покажал својата работа на царот Грацијан во Милано, со наслов, Περὶ τῆς πίστεως, De Fide, напишана против аријанците.
Тој пишувал и против дуги неверниици, но дали во истото дело или некое друго е непознато,[2] и ги оспорил паганите.[2] Веројатно по враќањето од Милано тој го посетил Цариград, каде Григориј I штотуку бил назначен за Цариградски архиепископ (379). Григориј го пречекал со најголеми почести и извел панегерички говор (говор 25), во присуство на Максим и исполнетата црква, пред славењето на Евхаристијата. Го седнал до себе на маса, и се однесувал кон него со најголема почит и доверба. Но се разочарал од него. Дали настаните кои следеле биле резултат на амбицијата на Максим, или пак Максим бил алатка во рацете на други, не е познато. Искористувајќи ја болеста на Григориј и поддржан од некои од египетските верници, испратени од Петар II, Александрискиот патријарх, под чии насоки тие дејствувале, Максим во текот на ноќта, бил рпгласен за Цариградски архиепископ, на местото на Григориј, чиј избор не бил целосно канонски. Заговорниците ја избрале ноќта бидејќи во тој период Григориј бил прикован за креветот поради болеста, влегле во црквата, и го запонале обредот. Тие о седнале Максим на архиепископскиот престол и започнале да ги сечат долгите локни кога зазорило. Вестите набрзо се прошириле и сите се упатиле кон црквата. Управникот на градот се појавил со своите војници, Максим и неговите соучесници биле извадени од црквата, и на плочникот во присуство на флетист бил завршен обредот.
Оваа нечуена постапка предизвикала големо незадоволство меѓу народот, кај кој Григориј уживал голема почит. Максим се повлекол во Солун за да го изнесе случајот пред царот Теодосиј I. Царот не го пречекал со почести и не бил воодушевен, па работат му ја препуштил на Асхолиј, почитуваниот епискот Солунски, кој пак го пренасочил кон папата Дамас I. Две писма од Дамас побарале со особена грижа дека може да посредува католички епископ.[3] Максим се вратил во Александрија, и барал од Петар помош за негово повторно востоличување во Цариград. Петар се обратил до префектот, кој претходно го имаше протерано Максим од Египет.[4]
По смртта на Петар и доаѓањето на Тимотеј I Александриски на 14 февруари 380 година. Повлекувањето на Григориј кој бил населден од страна на Нектариј, не му одело во прилог на Максим. Кога се собрал Вториот вселенски собор во 381 година, Максимовото тврдење за право на цариградскиот престол било едногласно одбиено, во последните четири канони стоело „дека тој никогаш не бил ниту пак ќе биде епископ, ниту пак некој од свештенството застанал зад него“.[5]
Максим се пожалил кај западната црква. И во есента 381 година се одржал синод во Аквила или пак во Милано под водство на Амвросиј каде биле разгледани тврдењата на Максим. Имајќи ги само неговите тврдења како водилка, и бидејќи немало сомнеж дека Григориевото седнување на престолот било неканонско, додека пак изборот на Нектариј било ставено под прашање, Максим покажал и писма од покојниот патријарх Петар за да го потврди својата припадност на александриската заедница, италиојанските епископи одлучиле во корист на Максим и одбиле да ги признаат Григориј и Нектариј. Писмо од Амвросиј и неговиот брат прелат до Теодосиј[6] укажува дека Нектариј не е правичен епископ, бидејќи вистински наследник на престолот бил Максим, со што барале негово повторно назначување, како соборите на источната и западната црква требала да се одржат во Рим за да се разреши спорот со епископијата и проблемот поврзан со Антиохија. Во 382 провинциски синод одржан во Рим, кој се стекнал со поточни информации, конечно ги отфрлиле барањата на Максим.[7]
Жестокоста со која Григориј пишува против Максим[8] се напишани по вборбаа за престолот на патријаршијата, и се во спротивност со фалбите во 25 говор. Делото на Максим, De Fide,кое пак е пофалено од страна на Јероним, е изгубено.
Наводи
уреди- ↑ Athanasius, Epist. ad Maxim. Philosoph. Opp. vol. i.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Gregory of Nazianzus, Orat. xxv. c. 13, 14
- ↑ Venables 1911 cites Migne, Patrologia Latina xiii. pp. 366-369; Epp. 5, 5, 6.
- ↑ Gregory of Nazianzus, Carmen de Vita sua, vss. 750-1029.
- ↑ Venables 1911 cites Philippe Labbe, Concilia, ii. 947, 954, 959.
- ↑ Venables 1911 cites Ep. xiii. c. i. § 3.
- ↑ Venables 1911 cites Hefele, Hist. of Councils, i. pp. 359, 378, 381, Eng. trans.
- ↑ Venables 1911 cites Gregory of Nazianzus, Carmina, sc. De Vita sua, l. c.; In Invidos, vs. 16, etc.; In Maximum
- Attribution
- Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е во јавна сопственост:Smith, William, уред. (1870). „потребно е име на статијата“. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственост: Venables, E. (1911). . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link) Venerable cites the following sources:
- Gregory Nazianzus Orat. xxii. xxviii.; Carm. 1 de Vita sua; Carm. cxlviii.;
- Philippe Labbe, Concilia ii. 947, 954, 959;
- Jacques Paul Migne, Patrologia Latina xiii. pp. 366–369; Epp. 5, 5, 6.
- Sozomenus H. E. vii. 9;
- Theodoret. H. E. v. 8; cf.
- Tillemont, Mèm. eccl. ix. 444-456, 501-503;
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Демофил или Евагриј |
Цариградски архиепископ Оспорен од Григориј I 380 |
Наследник Григориј I |