Македонско-босанскохерцеговски односи

Македонско-босанскохерцеговските односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина. Односите меѓу двете држави се добри, без какви било отворени прашања [1] Амбасадата на Република Македонија во БиХ е во главниот град, Сараево.[2] Босанската амбасада е исто така во главниот град на Македонија, Скопје.[3] Босна и Херцеговина има и почесен конзулат во Битола.[4]

Македонско-босанскохерцеговски односи
Map indicating locations of Bosnia and Herzegovina and Macedonia

Босна и Херцеговина

Македонија

Историја

уреди

До 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност на Хрватска и на Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Босна и Херцеговина ја прогласи својата независност во март 1992. Дипломатските односи меѓу двете држави беа воспоставени На 12 мај 1993.[5] Босна и Херцеговина, како и другите бивши југословенски републики, ја признава Република Македонија под своето уставно име [6], и е меѓу 131[7] држави кои го направија истото.

ЕУ и НАТО аспирации

уреди

Македонија и Босна и Херцеговина ја делат истата цел за влез во Европската Унија.Босна и Херцеговина чека влез во НАТО додека Македонија веќе е членка на НАТО..[1]

Македонија е земја кандидат за влез во ЕУ од 2005 година и ја чека датата за преговорите за влез. Додека пак Македонија е полноправна членка на НАТО. Македонија стана член на НАТО штом пронајде решение за спорот околу името со Грција.

Додека пак Босна и Херцеговина има цел да се придружи кон НАТО. Во 2008, го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија.

Бошњаците во Македонија

уреди

Има мал број на Бошњаци во Македонија. Според последниот попис во Македонија од 2002, бошњачкото малцинство брои 17,018 луѓе, кое е околу 0,84% од вкупното население во Република Македонија. Нема податоци колку Босански Хрвати и Босански Срби има во Македонија.

Мал број на Македонци постои во БиХ. Според последниот попис од 1991 во Босна и Херцеговина имало 1596 Македонци. Сегашниот број на Македонците кои живеат во БиХ е непознат.

Споредба на факти

уреди
  Македонија   Босна и Херцеговина
Население 2.022.547 3,839,737
Површина 25.713 [[км2]] 51.197 км2
Густина на население 80,1/км2 75/км2
Главен град Скопје Сараево
Најголем град Скопје - 506,926 Сараево - 411,161
Општествено уредување парламентарна република федерална демократска република
Службен јазик македонски босански, српски, хрватски
Религија 64,7% православие, 33,3% ислам, 1,3% ислам,
1,9% други
45% ислам, 36% православие, 15% католицизам,
1% протестантство, 3% други
Етничка структура 64,2% Македонци, 25,2% Албанци, 3,9% Турци, 2,7% Роми, 4,0 други 48% Бошњаци, 37,2% Срби, 14,3% Хрвати, 0,6% други
БДП (номинален) 10,718 $ по глава на жител 8,133 $ по глава на жител

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Macedonian Information Agency Архивирано на 8 март 2012 г. Macedonia and BiH have no open issues; common goal - EU integration (англиски)
  2. Republic of Macedonia - Ministry of Foreign Affairs Diplomatic and consular representations of the Republic of Macedonia (англиски)
  3. Embassy of Bosnia and Herzegovina - Skopje (англиски)
  4. https://daily.mk/vesti/otvoren-pochesen-konzulat-bih-bitola-9
  5. Ministry of Foreign Affairs - Bosnia and Herzegovina Архивирано на 19 декември 2010 г. Dates of Recognition and Establishment of Diplomatic Relations (англиски)
  6. Southeast European Times Macedonia welcomes Canadian recognition of constitutional name (англиски)
  7. Bolivia is 131. country to use Macedonia's constitutional name Ekonom:east Media Group. 20-01-2011