Македонски претседателски избори (1999)

Македонски претседателски избори (1999) — втори по ред претседателски избори во независна Република Македонија. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победник беше Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски претседателски избори, 1999
Македонија
1994 ←
14 ноември (прв круг)
5 декември (втор круг)
→ 2004

 
Кандидат Борис Трајковски Тито Петковски
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Добиени гласови Прв круг
219.098
Втор круг
582.808
Прв круг
343.606
Втор круг
513.614
Удел Прв круг
21,1%
Втор круг
53,2%
Прв круг
33,1%
Втор круг
46,8%

претседател пред изборите

Киро Глигоров
СДСМ

Избран за претседател

Борис Трајковски
ВМРО-ДПМНЕ

Кандидати во првиот круг

уреди

Резултати

уреди
Кандидат Партија Прв круг Втор круг
Број на гласови % Број на гласови %
Тито Петковски СДСМ 343.606 33,1 513.614 46,8
Борис Трајковски ВМРО-ДПМНЕ 219.098 21,1 582.808 53,2
Васил Тупурковски ДА 163.206 15,7
Муарем Неџипи ДПА 155.978 15,0
Стојан Андов ЛДП 111.983 10,8
Мухамед Халили ПДП 45.731 4,4
Неважечки ливчиња 11.013 16.281
Вкупно 1.050.615 100 1.112.703 100
Регистрирани гласачи/излезност 1.613.284 65,1 1.610.340 69,1
Извор: Nohlen & Stöver

Резултати од Првиот круг

уреди

Првиот круг на гласањето се одржа на 14 ноември 1999 година. По преброените гласови, во вториот круг се пласираа Тито Петковски со освоени 509.933 гласови и Борис Трајковски со освоени 449.026 гласови.

Резултати од Вториот круг

уреди

Вториот круг на гласање се одржа на 5 декември 1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности и огромен број на излезени гласачи помеѓу албанското население. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски имаше 513.614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. СДСМ не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски сè до доаѓањето на власт на Парламентарните избори во 2002 година.

Останати статистики

уреди

Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил: 1.610.340 од нив на гласање излегле 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната Изборна Комисија констатираше дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.

Поврзано

уреди