Магнус Ериксон (фудбалер роден во 1990)
Магнус Ленарт Ериксон (8 април 1990 година) бил шведски професионален фудбалер кој настапувал како играч од средниот ред за тимот на Ѓургарденс ИФ во лигата Алсвенскан.
Клупска кариера
уредиПочетна кариера
уредиЕриксон ја започнал својата фудбалска кариера во академијата на фудбалскиот клуб АИК од Стокхолм. Бил промовиран во првиот тим во 2006 година под раководство на тренерот Рикард Норлинг. Сепак, Ериксон никогаш не се појавил во тимот поради големата конкуренција. По сезоните 2006 и 2007 година и без никакви настапи во лигата за клубот, Ериксон бил испратен на позајмица во два локални блиски клуба и тоа во клубот на Акрополис, а потоа и во клубот од Дивизија 2, ФК Везби Јунајтед кој настапувал во Суперетан лигата. За време на овие две позајмици, Ериксон конечно добил време за играње во натпревари од лигашки фудбал. Клубот на Везби Јунајтед на крајот од сезоната ја претворил позајмицата во официјален договор во сезоната 2009. Ериксон поминал дополнителни две сезони во истиот клуб. Тој постигнал 11 гола на 29 натпревари за клубот во текот на сезоната 2010 во Суперетан лигата.
Отвидаберг ФФ
уредиЕриксон подоцна преминал од тимот на Везби Јунајтед во другиот клуб од Суперетан лигата, Отвидаберг пред почетокот на сезоната 2011. Овој тим настапувал во Суперетан лигата. Сезоната се покажала како успешна и за Ериксон и за Отвидаберг, бидејќи постигнал 15 гола на вкупно 30 натпревари, завршувајќи како трет најдобар стрелец во лигата и помагајќи му на клубот да ја освои титулата и да обезбеди промоција во првата Алсвенскан лига. Во наредната сезона во Алсвенскан 2012, Ериксон успеал да постигне 11 гола на 20 натпревари пред да биде продаден на белгискиот клуб Гент за време на летниот преоден рок во 2012 година.
Фудбалски клуб Гент
уредиНа 21 август 2012 година, било објавено дека Ериксон преминал во клубот на КАА Гент во Белгиската Про лига . Тој одиграл само четири лигашки натпревари за клубот во текот на сезоната 2012-13. Клубот имал тројца различни менаџери во текот на сезоната, а Ериксон добил ограничена минутажа.[1]
Малме ФФ
уредиНа 21 јануари 2013 година, Ериксон пристигнал на клубот од Алсвенскан лигата во клубот Малме ФФ со претходно потпишан четиригодишен договор. Ериксон признал дека одлучувачки фактор за неговиот трансфер бил фактот што неговиот поранешен менаџер Рикард Норлинг, во тој момент бил во клубот на ФФ Малме. Тој лично му се јавил на Ериксон да му се приклучи на клубот.[2] Ериксон уживал во успешната прва сезона во ФФ Малме, бидејќи бил најдобар стрелец на клубот и најдобар асистент во текот на сезоната 2013. Тој постигнал 11 гола на 30 лигашки натпревари. Имал и 14 асистенции за клубот, што било највисока бројка во целата лига на Алсвенскан во таа 2013 година. Тој ги одиграл сите натпревари за клубот за време на квалификациската фаза за Лигата на Европа 2013–14 на УЕФА и притоа постигнал два гола. Во текот на првиот дел од сезоната играл заедно со Токело Ранти, а подоцна и со Гиљермо Молинс, бидејќи Ранти бил продаден на друг клуб за време на летниот преоден рок. Со постигнатите перформанси во текот на сезоната, тој бил номиниран за напаѓач на годината и за најкорисен играч, но на крајот ги загубил двата трофеи бидејќи ги освоилл Тобијас Хисен од тимот на ИФК Гетеборг. Во следната сезона Ериксон одиграл одлучувачка улога во тимот кој успеал да ја одбрани титулата во лигата и да се квалификува за групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2014-15. Одиграл 30 натпревари во лигата, постигнувајќи пет гола. Ериксон учествувал и на единаесет натпреварите на ФФ Малме во Лигата на шампионите на УЕФА 2014–15. Тој на крајот ја освоил наградата за гол на годината според Фотболсгалан ревијата. Тоа бил неговиот гол против клубот на Ред Бул Салцбург на 27 август 2014 година.[3]
Гуижу Ренхе
уредиНа 15 декември 2014 година бил објавен трансферот на Ериксон во Кинеската Суперлига во клубот Гуижу Ренхе.[4] Трансферот бил реализиран на 1 јануари 2015 година истиот ден кога бил отворен кинескиот преоден рок.[5]
Брондби ИФ
уредиНа 10 јули 2015 година, било објавено дека Ериксон преминал во данскиот клуб Брондби ИФ и тоа за време од 4 години. Во Брондби Ериксон бил поставен да игра како десен играч за врска во средниот ред.
Ѓургаден ИФ
уредиНа 16 јуни 2016 година, било објавено дека Ериксон преминува од Брондби во шведскиот клуб Ѓургарден ИФ со договор од 3 години и половина. Со оглед на тоа што бројот седум веќе бил заземен, тој решил на својот грб да го носи бројот 77. Овој број последен пат го носел Абгар Барсом во 2006 година. На 14 август 2016 година, Ериксон го постигнал својот прв гол за Ѓургарден на натпреварот против ИФ Елфсборг на Теле2 Арената.На почетокот од неговите настапи за клубот, Ериксон играл како крилен напаѓач. Во сезоната 2017 година, Ериксон конечно го заменил бројот 77 со бројот 7. Во текот на 2017 година, тој постигнал 14 лигашки голови и со тој резултат бил најдобар голгетер во Алсвенскан. Ериксон подоцна на 21 август 2020 година повторно се вратил во тимот на Ѓургарден.
Земјотреси во Сан Хосе
уредиНа 20 декември 2017 година, американската фудбалска лига Сан Хосе Ертквејкс од тимот на МЛС објавиле дека потпишале договор со Ериксон како назначен играч.[6] Тој својот прв натпревар за клубот од МЛС го одиграл на 3 март 2018 година, во победата на Сан Хосе на отворањето на сезоната со 3:2 над тимот Минесота Јунајтед.[7] Ериксон го постигнал својот прв гол во лигата, по асистенција на Дени Хосен, во неговиот четврти натпревар. Ова се случило во нерешениот натпревар 1:1 со тимот на Филаделфија Унион на 7 април 2018 година.[8]
Враќањето во Ѓургарден ИФ
уредиНа 21 август 2020 година, Ериксон се вратил во тимот на Ѓургарден ИФ за непозната сума на пари.[9][10]
Меѓународна кариера
уредиЕриксон ги претставувал Шведските У17, У19 и У21 тимовите на вкупно 21 натпревар пред да го одигра својот прв натпревар за младинскиот тим на Шведска на 17 јануари 2014 година во пријателскиот натпревар против екипата на Молдавија.[11] Тој својот прв натпревар за сениорскиот тим на Шведска го одиграл во квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2022 година против екипата на Косово, на 9 октомври 2021 година. На тој натпревар го заменил Кристофер Олсон во 90-тата минута од натпреварот кој завршил со резултат од 3-0 за Шведска[12]
Статистика во кариерата
уредиКлупска кариера
уреди- Обновено на 21 авуст 2020[13]
Клуб | Сезона | Лига | Сооднос на одиграни натпревари и постигнати голови во лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | |||
Акрополис ИФ
(позајмен) |
2008 | Дивизија 2 Нора Свеланд | 9 | 4 | — | — | 9 | 4 | ||
Теби ИС
(позајмен) |
2008 | Дивизија 2 Нора Свеланд | 1 | 1 | — | — | 1 | 1 | ||
Весби Јунајтед | 2008 | Суперетан втора шведска лига | 10 | 0 | — | — | 10 | 0 | ||
2009 | Суперетан втора шведскалига | 19 | 2 | 1 | 2 | — | 20 | 4 | ||
2010 | Суперетан втора шведска лига | 29 | 11 | 2 | 0 | — | 31 | 11 | ||
Вкупно | 58 | 13 | 3 | 2 | — | 61 | 15 | |||
Отвидаберг | 2011 | Суперетан втора шведска лига | 30 | 15 | 4 | 0 | — | 34 | 15 | |
2012 | Алсвенскан прва шведска лига | 20 | 11 | 0 | 0 | — | 20 | 11 | ||
Вкупно | 50 | 26 | 4 | 0 | — | 54 | 26 | |||
Гент | 2012–13 | Белгија Про лига | 4 | 0 | 0 | 0 | — | 4 | 0 | |
Малме | 2013 | Алсвенскан | 30 | 11 | 3 | 1 | 6 | 2 | 39 | 14 |
2014 | Алсвенскан | 30 | 5 | 6 | 1 | 11 | 1 | 47 | 7 | |
Вкупно | 60 | 16 | 9 | 2 | 17 | 3 | 86 | 21 | ||
Гуижу Ренхе | 2015 | Кинеска супер лига | 7 | 0 | 1 | 0 | — | 8 | 0 | |
Брондби | 2015–16 | Данска Супер лига | 22 | 1 | 3 | 1 | 7 | 0 | 32 | 2 |
Ѓургарден | 2016 | Алсвенскан | 17 | 3 | 0 | 0 | — | 17 | 3 | |
2017 | Алсвенскан | 29 | 14 | 3 | 0 | — | 32 | 14 | ||
Вкупно | 46 | 17 | 3 | 0 | 0 | 0 | 49 | 17 | ||
Сан Хосе | 2018 | Мејџор Сокер Лига | 32 | 6 | 0 | 0 | 1 | 0 | 33 | 6 |
2019 | Мејџор Сокер Лига | 32 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 32 | 6 | |
2020 | Мејџор Сокер Лига | 5 | 1 | 2 | 3 | 0 | 0 | 7 | 4 | |
Вкупно | 69 | 13 | 2 | 3 | 1 | 0 | 72 | 16 | ||
Вкупно во кариера | 326 | 91 | 25 | 8 | 25 | 3 | 376 | 102 |
Меѓународни натпревари
уреди9 октомври 2021
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 2014 година | 1 | 0 |
2021 година | 1 | 0 | |
Вкупно | 2 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „Officiellt: Magnus Eriksson till belgiska Gent“ (шведски). fotbolltransfers.com. 21 August 2012. Посетено на 21 January 2013.
- ↑ „Magnus Eriksson klar för Malmö FF“ (шведски). mff.se. 21 January 2013. Архивирано од изворникот на 24 January 2013. Посетено на 21 January 2013.
- ↑ „Nomineringarna till Fotbollsgalan 2014“. fogis.se (шведски). The Swedish Football Association. 20 October 2014. Посетено на 19 January 2015.
- ↑ 俱乐部公告:马格纳斯-埃里克森正式加盟 Архивирано на 4 март 2016 г. at Guizhou Renhe Official website 15 December 2014 Retrieved 17 December 2014
- ↑ „Magnus Eriksson lämnar MFF“. mff.se (шведски). Malmö FF. 15 December 2014. Архивирано од изворникот на 15 December 2014. Посетено на 15 December 2014.
- ↑ „Quakes Sign Sweden's Reigning Top Scorer Magnus Eriksson as Designated Player“. sjearthquakes.com. San Jose Earthquakes. 20 December 2017. Архивирано од изворникот на 2017-12-22. Посетено на 18 March 2020.
- ↑ „RECAP: Quakes win on Opening Night 3-2!“. San Jose Earthquakes. 3 March 2018. Посетено на 3 March 2018.
- ↑ „GOAL: Magnus Eriksson scores his first for the Quakes!“. San Jose Earthquakes. 7 April 2018. Архивирано од изворникот на 2018-06-13. Посетено на 7 April 2018.
- ↑ „Official: Magnus Eriksson leaving San Jose Earthquakes for move back to Djurgarden | MLSsoccer.com“.
- ↑ „Magnus Eriksson tillbaka i Djurgården“. Djurgården Fotboll. 21 August 2020.
- ↑ „Magnus Eriksson - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Архивирано од изворникот на 2020-10-30. Посетено на 26 August 2020.
- ↑ „Sverige - Kosovo - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.sehttps (шведски). Посетено на 2021-10-11.[мртва врска]
- ↑ „Magnus Eriksson“. soccerway.com (шведски). Soccerway. Посетено на 21 January 2013.
Надворешни врски
уреди- Магнус Ериксон (фудбалер роден во 1990) на National-Football-Teams.com
- Малме ФФ профил (на шведски)