Магдебург (покраина)

покраина во Прусија

Магдебург (германски: Provinz Magdeburg) — покраина на Слободната Држава Прусија во рамките на Третиот Рајх од 1944 до 1945 г. Седиште бил градот Магдебург.

Покраина Магдебург
Provinz Magdeburg
покраина на Прусија

1944–1945
Местоположба на Магдебург
Местоположба на Магдебург
Покраината Магдебург во 1944 г.
Главен град Магдебург
Управа Покраина
Натпретседател
 -  1944–1945 Рудолф Јордан
Историски период Втора светска војна
 -  Основана 1 јули 1944
 -  Укината 23 јули 1945
Површина
 -  1933а 11.587,87 км2
Население
 -  1933а 1,303,848 жит.
Густина 0 жит/км2
а. Во границите од 1944/45 г.

Покраината е создадена на 1 јули 1944 г. од управникот округ Магдебург, административен регион од поранешната покраина Саксонија.

Оваа покраина е окупирана од американска војска по освојувањето на Магдебург во април 1945 г. во Втората светска војна. Откако прешла во советски раце, таа е споена со Хале-Мерзебург и Анхалт, одново создавајќи ја покраината Саксонија,[б 1] подоцна преименувана како покраина Саксонија-Анхалт, па на крај сојузна покраина Саксонија-Анхалт.

Окрузи во 1945 г.

уреди

Управен округ Магдебург

уреди
Селски окрузи
  1. Ванцлебен
  2. Вернигероде
  3. Волмирштет
  4. Гарделеген
  5. Залцведел
  6. Јерихов I (седиште: Бург кај Магдебург)
  7. Јерихов II (седиште: Гентин)
  8. Калбе на Зале
  9. Кведлинбург
  10. Остербург
  11. Ошерслебен
  12. Халденслебен
  13. Штендал

Белешки

уреди
  1. Првобитната пруска покраина Саксонија ја опфаќала територијата на покраината Ерфурт, која станала дел од Тирингија и не го вклучувала Анхалт. Некои други мали енклави на пруската покраина се сместени во новата покраина.