Мавровско Езеро

вештачко езеро во западна Македонија
(Пренасочено од Мавровско Поле)

Мавровско Езеровештачко езеро во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1.200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини.

Мавровско Езеро
Мавровското Езеро со селото Маврово
Карта
Координати41°42′N 20°46′E / 41.700° СГШ; 20.767° ИГД / 41.700; 20.767
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина10 км
Најг. ширина5 км
Најг. длабочина50 м

На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина.

Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.

Новосоздаденото езеро поплавило 1.370 хектари земјиште во тогашното Мавровско Поле претежно под ливади и насобира околу 357 милиони кубни метри вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км.

Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5 м. Во основата браната е широка 286 м и во неа се вградени 705.000 м3 материјал.

Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување.

Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година.

Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди