МРСА
Метицилин-резистентен стафилококус ауреус (МРСА), т.е. стафилококус ауреус отпорен на метицилин, е група грам-позитивни бактерии, соеви од бактеријата Staphylococcus aureus, кои се отпорни кон речиси сите достапни бета-лактамски антибиотици. MRSA има значење во болниците и домовите за нега во предизвикувањето на низа на инфекции кои се тешки за лекување.
Во клиничката употреба често се зборува за мултирезистентен стафилококус, поради тоа што повеќето од МРСА соевите се отпорни не само кон бета-лактамските антибиотици, туку и кон други групи на антибиотици.
МРСА е честа појава во болниците, затворите и домовите за стари лица, каде што луѓето со отворени рани, инвазивни уреди како катетри или луѓе со ослабен имунолошки систем се изложени на поголем ризик од инфекција. Во последно време се појавија и соеви кои се шират надвор од болнички услови па затоа сега се разликуваат следниве поими: МРСА стекната во болнички услови (HA-MRSA, healthcare-associated) МРСА стекната во заедницата (CA-MRSA, community-associated), како и МРСА која е поврзана со одгледување добиток (LA-MRSA, livestock-associated).
Знаци и симптоми
уредиКај луѓето, Staphylococcus aureus е дел од нормалната бактериска популација присутна во горниот респираторен тракт,[1] на кожата и во цревната слузница.[2] Меѓутоа, заедно со слични бактериски видови кои можат да колонизираат и да дејствуваат симбиотски, тие можат да предизвикаат и болест доколку почнат да се шират низ ткивата каде што првично ги колонизирале или да се прошират во други ткива.
Инфекцијата со МРСА во болнички услови најчесто се случува кај луѓе кои веќе имаат друго заболување или се со ослабен имунитет. Соевите на МРСА кои се карактеристични во услови на инфекција произлезена во заедницата, поседуваат дополнителни фактори на патогеност, поради што можат да предизвикаат тешки инфекции и кај луѓе кои се инаку здрави. Тука се вбројуваат, меѓу другото и МРСА соевите кои го поседуваат факторот ПВЛ (Пантон Валентин Леукоцидин), кои предизвикуваат кожни инфекции со формирање на абсцес.
Ризик фактори
уредиНаведени се неколку од популациите изложени на ризик вклучуваат:
- Луѓе со вградени импланти, протези, уреди за одведување телесна течност и катетри [3][4]
- Луѓе кои се често во преполни места, особено кои споделуваат заедничка опрема иле се во контакт кожа на кожа [5]
- Луѓе со слаб имунолошки систем ( ХИВ / СИДА, лупус или пациенти со рак ; приматели на трансплантација ; тешки астматичари итн. )
- Дијабетичари [3][6]
- Корисници на дрога преку вена [7][8][9]
- Редовен контакт со некој кој инјектирал дрога во изминатата година [10]
- Корисници на хинолонски антибиотици [4][11]
- Постари луѓе [4][12]
- Училишни деца кои споделуваат спортска и друга опрема
- Студенти кои живеат во студентски домови [5]
- Луѓе кои престојуваат или работат во здравствена установа подолг временски период [4][5]
- Луѓе кои поминуваат време во крајбрежни води каде што е присутна МРСА [13][14]
- Луѓе кои поминуваат време во затворени простори со други луѓе, вклучително и станари на засолништа за бездомници, затвореници и воени регрутери [15][16]
- Ветеринари, ракувачи со добиток и сопственици на домашни миленици [17]
- Луѓе кои конзумираат непастеризирано млеко [18]
- Луѓе кои се со ослабен имунитет и се истовремено колонизирани со сојот МРСА [19] :249
- Луѓе со хронична опструктивна белодробна болест [4]
- Луѓе кои имале операција во градниот кош [4]
Дури 22% од луѓето заразени со МРСА немаат никакви забележливи фактори на ризик.[20] :637
Хоспитализирани лица
уредиЛуѓето кои се хоспитализирани, вклучително и постарите, често имаат ослабен имунитет и се подложни на инфекции од секаков вид, вклучително и МРСА. Инфекција со МРСА во вакви услови се нарекува болнички-стекната МРСА.[3][4][21][22] Кај оние кои се заразуваат со МРСА, инфекцијата трае нешто помалку од 10 дена доколку се третирани од лекар, иако ефектот инфекцијата варира од личност до личност [23]
И хируршките и нехируршките рани може да се инфицираат болнички-стекната МРСА [3][4][21] Инфекциите на оперираното место се јавуваат на површината на кожата, но може да се прошират на внатрешните органи и во крвта и да предизвикаат сепса.[3] Преносот може да се случи од здравствените работници на пациентите бидејќи може да се случи да занемарат да да извршат превентивно миење на рацете помеѓу прегледите.[11][24]
Луѓето во домовите за стари лица се изложени на ризик од сите горенаведени причини, дополнително комлициран поради нивниот општо ослабен имун систем.[12][25]
Затвореници и воен персонал
уредиЗатворите и воените бараки [18] може да бидат преполни и ограничети, а лошата хигиенска навика да се влошува, со што жителите се изложени на зголемен ризик од заразување со МРСА.[17]
Животни
уредиУпотребата на антибиотици кај добитокот го зголемува ризикот да се развие МРСА во добитокот. Некои од МРСА соевите, како на пример соевите MRSA ST 398 и CC398 се преносливи на луѓе.[18][26] Животните обично не покажуваат симптоми, т.е. се асимптоматски.[3]
Домашните миленици се подложни на инфекција со МРСА преку пренос од нивните сопственици, као и обратно, миленичињата инфицирани со МРСА, исто така, можат да пренесат МРСА на луѓето.
Спортисти
уредиСоблекувалните, спортските сали и соодветните спортски објекти нудат потенцијални места за контаминација и инфекција со МРСА.[27] Спортистите се сметаат како група со висок ризик.[18] Три студии на Министерството за здравство на државата Тексас покажале дека стапката на инфекција меѓу фудбалерите е 16 пати поголема од националниот просек.
Деца
уредиДецата и возрасните кои доаѓаат во контакт со дневни центри,[18] игралишта, соблекувални, кампови, домови, училници и други училишни поставки, како и спортски сали и простории за вежбање се изложени на поголем ризик од заразување со МРСА. Родителите треба да бидат особено внимателни кон децата кои учествуваат во активности каде што се споделува спортска опрема.[28]
Механизам на стекнување отпорност
уредиОтпорноста кон антибиотици (антибиотска резистенција) е генетски условена. Каректеристично за МРСА е способноста да опстојува во присуство на антибиотици слични на пеницилин, т.н. бета-лактамски антибиотици. Механизмот на отпорност кон бета-лактамските антибиотици не се основа на создавање бета-лактамаза, како што е случај со некои други групи на антибиотици, туку со продукција на променет пеницилиноврзувачка белковина (penicillin binding protein 2a, PBP2a). Со тоа, бета-лактамските антибиотици не можат да се врзат за ензимот и да го инактивираат и затоа го губат дејството во инхибиција на синтезата на пептидогликанскиот ѕид. на бактеријата.
Дијагноза
уредиДијагностичките микробиолошки лаборатории и референтните лаборатории се клучни за идентификување на епидемии со МРСА. Вообичаено, бактеријата мора да се култивира од крв, урина, спутум или други примероци од телесни течности и во доволни количини за да се извршат потврдни тестови на почетокот. Сепак, бидејќи не постои брз и лесен метод за дијагностицирање на МРСА, првичниот третман на инфекцијата често се заснова на „силен сомнеж за МРСА“ и на техники за лекување од страна на лекарот што лекува. Дијагностичките методи вклучуваат квантитативни PCR процедури, кои се користат во клиничките лаборатории за брзо откривање и идентификување на соеви на MRSA.[29][30]
Друг вообичаен лабораториски тест е брз тест за латекс-аглутинација кој го детектира изменетиот пеницилиноврзувачка белковина PBP2a. PBP2a е варијанта на пеницилиноврзувачката белковина (ензимот транспептидаза, кој има улога во синтезата на клеточниот ѕид), кој ја одредува способноста на S. aureus да биде отпорен кон бета-лактамски антибиотици.[31]
Микробиологија
уредиКако и сите S. aureus, S. aureus отпорен на метицилин (МРСА) е Грам-позитивна, топчеста бактерија со дијаметар од околу 1 микрон. Не формира спори и не е подвижен. Често се наоѓа во групации слични на грозје.[32] :390 За разлика од S. aureus чувствителен на метицилин (МССА), МРСА бавно расте на различни медиуми и е откриено дека опстојува во мешани колонии заедно со МССА. Генот mecA, кој дава отпорност на голем број антибиотици, е секогаш присутен во МРСАи обично отсутен во МССА; сепак, во некои случаи, генот mecA е присутен во МССА, но не е изразен (неактивен). Тестирањето на полимеразна верижна реакција (PCR) е најпрецизната метода за идентификација на соеви на МРСА. Специјализирани медиуми за култура се развиени за подобра разлика помеѓу МССА и МРСА и, во некои случаи, таквите медиуми може да се користат за да се идентификуваат специфични соеви кои се отпорни на различни антибиотици.[32] :402
Појавени се и други соеви на S. aureus кои се отпорни на оксацилин, клиндамицин, теикопланин и еритромицин. Овие резистентни соеви може или не мора да го поседуваат генот mecA . S. aureus, исто така, има развиено отпорност на ванкомицин (ванкомицин-резистентен стафилококус ауреус, ВРСА). Еден од соевите е само делумно осетлив на ванкомицин и се нарекува ванкомицин-интермедијален S. aureus (ВИСА). Сојт на S.aureus кој е помалку осетлив, но не целосно неосетлив (т.н. интермедијален) кон гликопептидните антибиотици (ванкомицин, теикопланин) се нарекува и ГИСА (гликопептид интермедијален стафилококус ауреус). Отпорноста на антибиотици кај S. aureus може да се квантифицира со одредување на количината на антибиотикот што мора да се користи за да се инхибира (спречи) растот. Ако концентрацијата на антибиотикот која е потребна да го спречи растот на S. aureus е помала или еднаква на 4 μg/ml, тогаш се вели дека е S. aureus осетлив кон антибиотикот. Ако концентрацијата на антибиотикот која е потребна да го спречи растот на S. aureus е поголема од 32 μg/ml, тогаш се вели дека S. aureus е отпорен (резистентен) кон тој антибиотик.[20] :637
Превенција
уредиСкрининг
уредиВо здравствените установи, изолирањето на носителите на МРСА еден од методите за спречување на преносот. Преку брзото тестирање со помош на бактериска култура, тестирањето на антибиотската осетливост, како и молекуларното тестирање (на пр. со помош на методата на полимеразно верижна реакција) се овозможува индентификување на носителите на МРСА, а со тоа и намалување на стапката на заразување.[33] Особено е важно да се тестираат пациентите во овие услови бидејќи 2% од луѓето носители на МРСА. Во поголем дел од случаите на носители на МРСА, бактеријата опстојува во ноздрата (носот), но пациентот не покажува никакви симптоми.[34]
За да се утврди населување (колонизација) со МРСА, потребно е земање на брис од различни површини на телото, особено од ноздрите. S. aureus припаѓа на популацијата бактерии кои само привремено ја населуваат кожата (т.н. транзиентна флора на кожата). Стафилококите особено се населуваат на повлажни места, на пример ноздрите, грлото, на долготрајни (хронични) рани, како и места каде што е поставен катетар. Земените примероци се нанесуваат на специјални агарни медиуми за култивирање на бактеријата, кои содржат и антибиотска супстанца, на пример метицилин или цефокситин. Се работи за аграни плочи со селективен диференцијален медиум кој овозможува раст на колониите на МРСА. По одредено време на култивирање, можат да се забележат, во случај на присуство на МРСА, розови до лиласти бактериски колонии.
Во комбинација со дополнителни санитарни мерки за лицата кои се во контакт со заразени лица, се покажало дека скринингот со помош на брисеви на пациентите примени во болница е ефикасен за намалување на ширењето на МРСА.[35]
Миење раце
уредиЗа да се спречи ширењето на МРСА, препораките се темелно и редовно миење на рацете користејќи сапун и вода или средство за дезинфекција на база на алкохол. Дополнителни препораки се раните да се чуваат чисти и покриени, да се избегнува контакт со рани на други луѓе, да се избегнува споделување лични предмети како што се жилети или крпи, туширање после вежбање во спортски објекти и туширање пред користење на базени или џакузи.
Изолација
уредиВо болнички услови, пациентите тестирани позитивни на МРСА се изолираат од останатите пациенти. Изолацијата би можело да се прекине ако една до три култури се покажат негативни. Додека пациентот се наоѓа во изолација, потребно е да се користи опрема која е еднократна или опрема која ќе се користи исклучително само за тој пациент, во друг случај, потребна е соодветна дезинфекција пред опремата да се користи на друг пациент.
За да се спречи ширење на МРСА во работни услови, се препорачува работодавците да ги прилагодат објектите така што ќе се овозможи добра хигиена.
За да се спречи ширењето на МРСА во домот, се препорачува посебно перење на материјалите кои дошле во контакт со заразени лица и со разреден раствор за белило. Понатаму се препорачува да се намали присуството на бактеријата во носот и кожата, да се исчистат и дезинфицираат работите во куќата што луѓето редовно ги допираат, како што се мијалници, кади, работна маса во кујната, мобилни телефони, прекинувачи за светло, кваки, телефони, тоалети и компјутерски тастатури.[36]
Ограничување на употребата на антибиотици
уредиГликопептидите, цефалоспорините и особено флуоркинолоните се поврзани со зголемен ризик од колонизација со МРСА. Во сегашните упатства се препорачува намалување на употребата на класи на антибиотици кои олеснуваат колонизација на МРСА.[11][24]
Третман
уредиАнтибиотици
уредиТретманот на MRSA инфекцијата е сериозен случај и одложувањата може да бидат фатални.[19] :328 Третманот на МРСА е потежок за разлика од третманот на осетливиот сој на стафилококус. За третман на МРСА стојат на располагање неколку групи на антибиотици: гликопептидите ванкомицин и теикопланин, понови антибиотици како што се линезолид, даптомицин, тигециклин, како и двата цефалоспорини од петтата генерација, цефтаролин и цефтобипрол.
Локацијата и историјата поврзани со инфекцијата го одредуваат текот на третманот. Начинот администрација на антибиотик против МРСА варира. Антибиотиците ефективни против МРСА може да се аплицираат преку венски пат, орално или во комбинација од двете и зависат од специфичните околности и одликите на пациентот.[37] Употребата на истовремена терапија со ванкомицин или други бета-лактами може да има засилен (синергетски) ефект.[20] :637
Наводи
уреди- ↑ „Composition and immunological significance of the upper respiratory tract microbiota“. FEBS Letters. 590 (21): 3705–3720. November 2016. doi:10.1002/1873-3468.12455. PMC 7164007. PMID 27730630.
- ↑ „Microbiome in atopic dermatitis“. Clinical, Cosmetic and Investigational Dermatology. 10: 51–56. 2017. doi:10.2147/CCID.S130013. PMC 5327846. PMID 28260936.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Antibiotic therapy for the treatment of methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA) infections in surgical wounds“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (8): CD009726. August 2013. doi:10.1002/14651858.CD009726.pub2. PMID 23963687.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „Focus on the prophylaxis, epidemiology and therapy of methicillin-resistant Staphylococcus aureus surgical site infections and a position paper on associated risk factors: the perspective of an Italian group of surgeons“. World Journal of Emergency Surgery. 11 (1): 26. 2016. doi:10.1186/s13017-016-0086-1. PMC 4908758. PMID 27307786.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „General Information About MRSA in the Community“. Centers for Disease Control and Prevention. 10 September 2013. Посетено на 9 October 2014.
- ↑ „Skin and soft tissue infections in hospitalised patients with diabetes: culture isolates and risk factors associated with mortality, length of stay and cost“. Diabetologia. 53 (5): 914–23. May 2010. doi:10.1007/s00125-010-1672-5. PMID 20146051.
- ↑ „Community-associated meticillin-resistant Staphylococcus aureus strains as a cause of healthcare-associated infection“. The Journal of Hospital Infection. 79 (3): 189–93. November 2011. doi:10.1016/j.jhin.2011.04.028. PMID 21741111.
- ↑ Kluytmans‐VandenBergh, M. F. Q.; Kluytmans, J. A. J. W. (2006). „Community‐acquired methicillin‐resistant Staphylococcus aureus: current perspectives“. Clinical Microbiology and Infection. 12: 9–15. doi:10.1111/j.1469-0691.2006.01341.x. PMID 16445719.
- ↑ „Community-based educational intervention to limit the dissemination of community-associated methicillin-resistant Staphylococcus aureus in Northern Saskatchewan, Canada“. BMC Public Health. 12 (1): 15. January 2012. doi:10.1186/1471-2458-12-15. PMC 3287965. PMID 22225643.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Loewen, Kassandra; Schreiber, Yoko; Kirlew, Mike; Bocking, Natalie; Kelly, Len (July 2017). „Community-associated methicillin-resistant Staphylococcus aureus infection“. Canadian Family Physician. 63 (7): 512–520. ISSN 0008-350X. PMC 5507223. PMID 28701438.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Does antibiotic exposure increase the risk of methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA) isolation? A systematic review and meta-analysis“. The Journal of Antimicrobial Chemotherapy. 61 (1): 26–38. January 2008. doi:10.1093/jac/dkm416. PMID 17986491.
- ↑ 12,0 12,1 „Challenges and Strategies for Prevention of Multidrug-Resistant Organism Transmission in Nursing Homes“. Current Infectious Disease Reports. 19 (4): 18. April 2017. doi:10.1007/s11908-017-0576-7. PMC 5382184. PMID 28382547.
- ↑ „Study: Beachgoers More Likely to Catch MRSA“. FoxNews.com. Reuters. 2009-02-16.
- ↑ Marilynn Marchione (2009-09-12). „Dangerous staph germs found at West Coast beaches“. Associated Press.
- ↑ „Community-acquired methicillin-resistant Staphylococcus aureus among military recruits“. Emerging Infectious Diseases. 10 (5): 941–4. May 2004. doi:10.3201/eid1005.030604. PMC 3323224. PMID 15200838.
- ↑ „MRSA History Timeline: The First Half-Century, 1959–2009“. The University of Chicago Medical Center. 2010. Архивирано од изворникот на 2020-02-18. Посетено на 2022-12-28.
- ↑ 17,0 17,1 „Community-associated methicillin-resistant Staphylococcus aureus: epidemiology and clinical consequences of an emerging epidemic“. Clinical Microbiology Reviews. 23 (3): 616–87. July 2010. doi:10.1128/CMR.00081-09. PMC 2901661. PMID 20610826.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 „Staphylococcus aureus prevalence from dairy cows in India act as potential risk for community-associated infections?: A review“. Veterinary World. 10 (3): 311–318. March 2017. doi:10.14202/vetworld.2017.311-318. PMC 5387658. PMID 28435193.
- ↑ 19,0 19,1 Ficalora, Robert (2013). Mayo Clinic internal medicine board review. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-994894-9.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Winn, Washington (2006). Koneman's color atlas and textbook of diagnostic microbiology. Philadelphia: Lippincott Williams & Wilkins. ISBN 978-0-7817-3014-3.
- ↑ 21,0 21,1 „Antibiotic therapy for the treatment of methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA) in non surgical wounds“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (11): CD010427. November 2013. doi:10.1002/14651858.CD010427.pub2. PMID 24242704.
- ↑ „Hospital-acquired methicillin-resistant Staphylococcus aureus: status and trends“. Radiologic Technology. 85 (6): 623–48, quiz 649–52. 2014. PMID 25002642.
- ↑ Davis, Charles. „Is MRSA Contagious?“. Medicinenet.com. Посетено на 24 October 2017.[мртва врска]
- ↑ 24,0 24,1 „SHEA guideline for preventing nosocomial transmission of multidrug-resistant strains of Staphylococcus aureus and enterococcus“. Infection Control and Hospital Epidemiology. 24 (5): 362–86. May 2003. CiteSeerX 10.1.1.575.8929. doi:10.1086/502213. PMID 12785411.
- ↑ „Infection control strategies for preventing the transmission of meticillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA) in nursing homes for older people“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 2013 (11): CD006354. November 2013. doi:10.1002/14651858.CD006354.pub4. PMC 7000924. PMID 24254890.
- ↑ „Use of antibiotics in animal agriculture & emergence of methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA) clones: need to assess the impact on public health“. The Indian Journal of Medical Research. 140 (3): 339–44. September 2014. PMC 4248379. PMID 25366200.
- ↑ „Community-acquired methicillin-resistant Staphylococcus aureus: a meta-analysis of prevalence and risk factors“. Clinical Infectious Diseases. 36 (2): 131–9. January 2003. doi:10.1086/345436. PMID 12522744.
- ↑ „Staph Infections and MRSA in Children: Prevention, Symptoms, and Treatment“. webmd.com.
- ↑ Francois P, Schrenzel J (2008). „Rapid Diagnosis and Typing of Staphylococcus aureus“. Staphylococcus: Molecular Genetics. Caister Academic Press. ISBN 978-1-904455-29-5.
- ↑ Mackay IM, уред. (2007). Real-Time PCR in Microbiology: From Diagnosis to Characterization. Caister Academic Press. ISBN 978-1-904455-18-9.
- ↑ Seiken, Denka. „MRSA latex test for PBP2“. Архивирано од изворникот на 2009-03-10. Посетено на 2022-12-28.
- ↑ 32,0 32,1 Murray, Patrick (2007). Manual of clinical microbiology. Washington, D.C: ASM Press. ISBN 978-1-55581-371-0.
- ↑ „Rapid screening tests for meticillin-resistant Staphylococcus aureus at hospital admission: systematic review and meta-analysis“. The Lancet. Infectious Diseases. 9 (9): 546–54. September 2009. doi:10.1016/S1473-3099(09)70150-1. PMID 19695491.
- ↑ Healthcare Settings. (2019, February 28). Retrieved March 19, 2021, from https://www.cdc.gov/mrsa/healthcare/index.html
- ↑ McCaughey B. „Unnecessary Deaths: The Human and Financial Costs of Hospital Infections“ (PDF) (2. изд.). Архивирано од изворникот (PDF) на July 11, 2007. Посетено на 2007-08-05.
- ↑ „Living With MRSA“ (PDF). Group Health Cooperative/Tacoma-Pierce County Health Dept./Washington State Dept. of Health. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 20 November 2011.
- ↑ „Clinical practice guidelines by the infectious diseases society of america for the treatment of methicillin-resistant Staphylococcus aureus infections in adults and children“. Clinical Infectious Diseases. 52 (3): e18-55. February 2011. doi:10.1093/cid/ciq146. PMID 21208910.CS1-одржување: display-автори (link)