Македонски електропреносен систем оператор А.Д. или скратено МЕПСО (Македонски електропреносен систем-оператор) е тгровско друштво што делува како оператор на електропреносниот систем во Република Македонија.

Македонски електропреносен систем оператор А.Д.
МЕПСО
Видакционерско друштво
ДејностЕлектроенергетика
Основано1945 како дел од Електростопанство на Македонија, 2005 како МЕПСО
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
Ненад Јовановски (Генерален директор и Претседател на УО)
ДоходMKD -
Вработени
-
Мреж. местоwww.mepso.com.mk

Организација и менаџмент на МЕПСО

уреди

Операторот на електропреносниот систем на Македонија (МЕПСО) е акционерско друштво во целосна државната сопственост, чиј основач е Владата на Република Македонија. Друштвото е основано со одлука на Владата на Република Македонија, а врз основа на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија од 2004 година. МЕПСО управува со преносната мрежа на 400 kV и на 110 kV напонско ниво, со вкупна должина од 2.021 километар. МЕПСО е член на Европската асоцијација на системски оператори ENTSO-E[1].

Во различни периоди, функцијата генерален директор ја извршувале: Ненад Јовановски, Синиша Спасов,[2] итн.

Историјат

уреди

Трговското друштво МЕПСО е впишано во Трговскиот регистар на надлежниот суд во Скопје, на 31.12.2004 година. Со регистрацијата на МЕПСО официјално и формално започнала преобразбата на Електростопанство на Македонија и процесот на либерализација на електроенергетскиот систем во Република Македонија. При формирањето на МЕПСО, во неговиот состав влегле сите организациски единици што биле обединети во „Електропренос“, во Националниот диспечерски центар (НДЦ) на „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), како и службите за развој, инвестиции и реализација на проекти за надградба на преносната мрежа. „Електропренос“ ги обединувал деловните операции за одржување, модернизација, планирање и проширување на преносната мрежа, а НДЦ управувал со националниот електроенергетски систем. Со обединувањето на тие работни единици во својот состав, МЕПСО обезбедил континуитет на „Електропренос“ - претпријатие за пренос и трансформација на електрична енергија основан со Решение на Извршниот совет на СР Македонија ма 31.12.1958 година (со името „Електро Југ“).

Дејност

уреди

Основна дејност на МЕПСО е да обезбеди непречен пренос на електричната енергија низ преносната мрежа и управување со електроенергетскиот систем, со цел да се обезбеди сигурно снабдување на потрошувачите со квалитетна електрична енергија. МЕПСО има две лиценци, издадени од националната Регулаторна комисија за енергетика, од кои првата е Оператор на електропреносен систем, а втората е Оператор на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ).

Финансиски извештаи и показатели

уреди

На 31 декември 2015 година, вкупните средства на МЕПСО изнесувале 10.153.350.000 денари од кои најголемиот дел отпаѓал на недвижности, постројки и опрема (7.845.072.000 денари) и на тековните средства (2.290.181.000 денари). Од друга страна, претпријатието МЕПСО имало вкупни обврски во износ од 5.269.984.000 денари, додека вкупниот капитал и резервите изнесувале 4.883.366.000 денари (од кои на акционерскиот капитал отпаѓале 3.059.393.000 денари). Во однос на билансот на успех, во 2015 година, претпријатието МЕПСО остварило приходи од продажба на електрична енергија во износ од 5.121.133.000 денари, оперативната добивка изнесувала 816.906.000 денари, а добивката по оданочување 705.181.000 денари. Во 2014 година, добивката по оданочување била 501.452.000 денари.[3]

Наводи

уреди
  1. „ENTSO-E“. Архивирано од изворникот на 2014-07-13. Посетено на 2014-10-20.
  2. „mepso.com.mk (пристапено на 27.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 2017-11-27.
  3. „mepso.com.mk (пристапено на 27.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 2017-11-27.