Л’ка
Л’ка, Л’нка или Л’нга (грчки: Λάκκα) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.[1] Било населено со Македонци.[2]
Л’ка Λάκκα | |
---|---|
Координати: 40°35.6′N 21°16.52′E / 40.5933° СГШ; 21.27533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало северно од Костурското Езеро, на 3 км северозападно од Тиолишта и на 3 км југоисточно от Шестеово. Лежело во југоисточното подножје на ридот на кој е сместена тврдината Градиште, поистоветена со градот Лонга или Лонгос, спомнат од средновековните автори.[1][2]
Историја
уредиСелото е основано на крајот од византиското и почетокот на османлиското време.[1] Спомнато е од Франсоа Пуквил во „Патешествија во Грција“ (1820, 1822 и 1826) како македонско село[3]
Селото е напуштено пред 1880 г. поради свлечишта и поплави од реката која се спушта од Вишени, како и поради разбојништвото на албанските банди.[1] Според Тодор Симовски селото се распаднало во немирните години на XVIII век, и неговите жители, заедно со оние од Старо Тиолишта го основале новото село Тиолишта.[2]
Западно од Тиолишта се наоѓа црквата на Л’ка, наречена „Св. Атанасиј“, изградена во 1858 г.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Κάστρο του Λογγά“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 29 декември 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 29. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Pouqueville, F.-C.-H.-L (MDCCCXXVI). Voyage de la Grèce. III (Deuxième édition. изд.). Paris: Chez Firmin Didot père et fils. стр. 16. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ „Η εορτή του Αγίου Αθανασίου στο Τοιχιό (φωτογραφίες)“. Fouit. 19 јануари 2020. Посетено на 9 јануари 2024.