Луј Цилков, роден со името Луј Динев Цилков (англиски: Louis Dineff Tsilkoff; Зелениче, 20 октомври 1888Акрон, 14 август 1974) — американски македонски работник со потекло од Егејска Македонија. Тој е еден од 521 Македонци којшто се преселиле во Акрон, Охајо за време на дваесетиот век.[1] Тој е таткото на имигранката Мери Цилкова.

Луј Цилков
Заедничкиот гроб на Луј (десно) и неговата жена Сука.
Роден(а)Луј Динев Цилков
20 октомври, 1888
Зелениче, Егејска Македонија
Починал(а)14 август, 1974 (85 г.)
Акрон, Охајо
ПочивалиштеRose Hill Burial Park
ДецаМери Цилкова
Маргарета Корора
Флоренц Баум

Животопис

уреди

Луј Цилков е роден во македонското егејско село Зелениче во сиромашна работничка фамилија. Неговиот татко бил Динев Цилков. Во 1914 година после балканските војни но пред почетокот на првата светска војна Луј Цилков имигрирал од неговото родно место до САД. Тој стасал во САД преку фери бродот „D&W Ferry“ и стигнал во Детроит, Мичиген. Низ неговиот живот работел во различни фабрики. За време на 1930-тиот попис во САД окупацијата на Луј било пишано како „индустриски работник“.[2] Во 1922 година ги донесол неговата жена Сука и ќерка му Мери Цилкова во САД преку бродот с. с. Париз.[2][1]

Во 1950-тите Луј Цилков се пензионирал. Низ неговиот живот претежно живел во градот Акрон, дел од Охајо. Во 1974 година починал со 85 години. Бил погребан во Rose Hill Burial Park во Феирланд, Охајо. Имал три ќерки и еден брат со името Петар Динев Цилков којшто дојдел во САД во 1909 година.[2][1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Macedonians Who Arrived in the Akron Area of Ohio in the Early 1900s by Village (2015) by Basil Stephanoff
  2. 2,0 2,1 2,2 Louis Dineff Tsilkoff (2011) од Familysearch