Маргарета Цилкова Корора (англиски: Margaret Tsilkoff Korora; Дејтон, 4 април 1923Акрон, 8 јули 2011) ― американка со македонско егејско потекло. Таа е еден од помладите ќерќи на македонскиот работник и американски имигрант Луј Цилков. Таа е помладата сестра на Мери Цилкова.[1][2] Таа е потомок на еден од 521 Македонци којшто се преселиле во Акрон, Охајо за време на дваесетиот век.[3]

Маргарета Корора
Гробот на Маргарета (лево) и нејзинот маж (десно)
Роден(а)Маргарета Цилкова
4 април, 1923
Дејтон, Охајо
Починал(а)8 јули, 2011 (88 г.)
Акрон, Охајо
ПочивалиштеRose Hill Burial Park
СопружникТони Корора
Родител(и)Луј Цилков
РодниниМери Цилкова
Флоренц Баум

Животопис

уреди

Маргарета Корора е родена во македонско работничко семејство во Охајо, Соединетите Држави. Семејството Цилкови се доселиле во Соединетите Држави во 1910-тите. Првиот којшто стигнал во Соединетите Држави бил братот на Луј Цилков, Петре Цилков. Тој патувал до Соединетите Држави, користејќи го бродот „S. S. Caronia“ и стасал во 1909 година. Луј Цилков дошол во Соединетите Држави кај 1914 година пред почетокот на првата светска војна. После неколку години неговата жена Сука Цилкова и неговата прва ќерка Мери Цилкова дојдоле со него во 1922 година со бродот „S. S. Paris“.[3]

Маргарета во 1943 година, за време на Втората светска војна, си го завришила нејзиното образование во универзитетот на Акрон. Маргарета Корора станала професорка и била почитувана меѓу учениците.[4] Таа предавала во градот Талмаџ, Охајо и Ковентри, Охајо. Во 1949 година таа се омажила со американецот со македонско потекло Тони Корора. Тие редовно патувале низ државата и понекогаш живееле во Флорида.[1]

Низ нејзиниот живот Маргерета Корора била горда на нејзиното македонско потекло. Таа исто така била православна по вероисповед. Таа имала три деца Даниел Корора, Дона Корора и Силија Корора. Таа исто така има неколку внуци како Арон, Адријане и Дерек. Таа имала и две сестри, Мери Цилкова и Флоренц Баум. Нејзиниот маж Тони Корора починал пред нејзе. Во 2011 година починала. Денес е закопана во охајското гробиште Роуз Хил, истото место кадешто е закопан и нејзиниот татко Луј Цилков.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Margaret Tsilkoff Korora (2011) by Akron Beacon Journal
  2. 2,0 2,1 Margaret Korora Obituary (2011) by Legacy
  3. 3,0 3,1 Macedonians Who Arrived in the Akron Area of Ohio in the Early 1900s by Village (2015) by Basil Stephanoff
  4. National Poetry Association (U.S.) (1959). Creative Writing. National Poetry Association. стр. 15.