Лукас Нол
Лукас Нол (1968, Карл-Маркс-Штат, Демократска Република Германија) е германски сценограф и сценски дизајнер.
Животопис
уредиНол дипломирал на дрезденската Академија на уметностите во 1997. Базичните сценски знаења и соодветни сценографски вештини најпрвин ги стекнал во Државната опера во Берлин. Потоа работел како стручен соработник во Музејот на уметностите во Дрезден, за најпосле да стане асистент за сценски дизајн во повеќе театри. Во 2002, Нол се вработил како водител за сценскиот дизајн во Државниот театар во Гисен, Германија.[1]
Творештво
уредиПаралелно со неговата постојана работа, како сценски дизајнер, Нол бил ангажиран во многу независни проекти во театрите во Германија и во странство. Како сценски дизајнер бил ангажиран во Корејската национална опера во Сеул, каде работел во првата продукција на „Лулу“; операта во Вроцлав го ангажирала во „Парсифал“; Естонскиот национален театар му го доверила сценскиот дизајн за „Јулиј Цезар во Египет“.
Нол станал постојан соработник на повеќемина еминентни драмски и оперски режисери и кореографи. На двапати, во 2007 и 2013, германскиот магазин „Светот на операта“ („Opernwelt“) го номинирал за наградата за сценски дизајн на годината. Во 2013 бил поканет на изложбата „Светски сценски дизајн“ во Кардиф, каде неговите трудови биле избрани во најтесен избор за најдобар сценски дизајн.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „МНТ, Електра (пристапено на 4.11.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-11-10. Посетено на 2014-11-16.