Луис Катарина Бургард (родена на 17 октомври 1992 г., во Есбјерг) е данска ракометарка која игра на позицијата десен бек за Мец и за данската репрезентација.[1]

Луис Бургард
Лични податоци
Име и презиме Луис Катарина Бургард
Роден(а) 17 октомври 1992(1992-10-17)(32 г.)
Есбјерг, Данска
Националност Данска Данска
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб Мец Мец
Број 19
Сениорски клубови
2010-2011
2011-2013
2013-2015
2015-2018
2018-2019
2019-
КИФ Вејен
ТТХ Холстебро ТТХ Холстебро
Виборг Виборг
Мидтјиланд Мидтјиланд
Хернинг-Икаст Хернинг-Икаст
Мец Мец
Репрезентација
2011– Данска Данска 106 (232)

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Луис Бургард започнала да игра ракомет на петгодишна возраст во Виндинг СФ. Во 2006 година, таа и се приклучила на екипата на Фредериција.[2] Во 2010 година, Луис потпишала договор со КИФ Вејен, клуб со кој учествувала во Купот на ЕХФ во сезоната 2010-2011. Следната година таа му се приклучила на Холстебро. Во 2013 година, со овој клуб таа го освоила својот прв трофеј во кариерата, Купот на ЕХФ, победувајќи го Мец во финалето. Истата сезона, таа била избрана за најдобар десен бек во данското првенство.[3]

Од сезоната 2013-2014, таа и се приклучила на екипата на Виборг[4] со кој освоила три титули во својата прва сезона во клубот: данското првенство, Куп на победниците на куповите и Купот на Данска.[5] Бургард изјавила: Ова чувство е прекрасно, кулминација на сезоната. Јас дојдов во Виборг за да напредувам во кариерата и да освојувам титули, и веќе во мојата прва сезона овде освоив три.[5]

Во септември 2015 година, Бургард потпишала за ФК Мидтјиланд Хандбал,[6] каде требало да ја замени Лине Јоргенсен која заминала во Романија во екипата на ЧСМ Букурешт. Во својата прва сезона во клубот го освоила Купот на Данска, по вторпат во својата кариера. Во нејзината последна сезона во клубот, кој сега имал ново име Хернинг-Икаст, Бургард му помогнала на клубот да стигне до финалето на данското првенство и вторпат во кариерата била избрана за Ол-стар десен бек на данското првенство.[7]

За сезоната 2019-2020, таа потпишала двегодишен договор со францускиот шампион Мец.[8].

Репрезентативна кариера

уреди

Бургард се натпреварувала на својот прв турнир со данската репрезентација на возраст од само 19 години, а тоа било Светското првенство 2011 година во Бразил. Таа учествувала во сите натпревари на Данска на првенството и постигнала 24 гола за време на турнирот.[9] Репрезентацијата стигнала до полуфиналето, но на крајот не успеала да се искачи на подиумот, завршувајќи на четвртото место, откако во натпреварот за третото место загубиле од Шпанија.

Во 2012 година, таа учествувала на Олимписките игри 2012 каде што Данска завршила на деветтото место. Истата година, таа била дел од тимот на Данска кој го освоил петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Сепак, Бургард имала одличен поединечен турнир на кој завршила меѓу најдобрите стрелци со 31 погодок на 7 натпревари.[10]

На Светско првенство 2013 во Србија, таа го освоила својот прв медал во кариерата со репрезентацијата, освојувајќи ја бронзата по победата против Полска (30-26) во малото финале. Бургард играла во сите натпревари и за време на натпреварувањето постигнала 25 гола.[11]

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Холстебро

уреди
2012-2013

  Виборг

уреди
2013-2014
2013
2013-2014

  Мидтјиланд

уреди
2015

Репрезентативни

уреди

Поединечни награди

уреди
  • Ол-стар десен бек на данското првенство : 2
2012-2013, 2018-2019

Наводи

уреди
  1. „EHF profile“. Архивирано од изворникот на 2014-10-28. Посетено на 2019-12-13.
  2. „Louise Burgaard - portræt af en rigtig vinder og en fantastisk personlighed“. europamester.dk (дански). 11 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2019-12-13.
  3. „Kåring af Årets Dame Liga All-Star hold 2012/2013“. www.haandboldspiller.dk (дански). 24 мај 2013. Посетено на 13 декември 2019. Надворешна врска во |website= (help)
  4. „Officielt: Burgaard til Viborg“. www.tvmidtvest.dk (дански). 24 јануари 2013. Посетено на 11 јануари 2014.
  5. 5,0 5,1 „Луис Бургард: Јас дојдов во Виборг за да напредувам во кариерата и да освојувам титули, и веќе во мојата прва сезона овде освоив три“. 24rakomet.mk. 23 мај 2014. Посетено на 13 декември 2019.[мртва врска]
  6. „Burgaard skifter til FC Midtjylland“. www.fcm-haandbold.dk (дански). Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 18 февруари 2015.
  7. „Årets Dame Liga All-Stars 2018/2019 er kåret“. www.haandboldspiller.dk (дански). 24 мај 2013. Посетено на 13 декември 2019. Надворешна врска во |website= (help)
  8. „LFH – Metz Louise Burgaard pour deux saisons“. handnews.fr. Посетено на 21 јануари 2019. Надворешна врска во |website= (help)
  9. Меѓународна ракометна федерација (уред.). „Statistiques cumulées du Danemark au championnat du monde 2011 au Brésil“ (PDF). www.ihf.info. Посетено на 11 јануари 2014. Надворешна врска во |website= (help)
  10. Европска ракометна федерација (уред.). „Statistiques individuelles du championnat d'Europe 2012 en Serbie“. www.ehf-euro.com. Посетено на 11 јануари 2014. Надворешна врска во |website= (help)
  11. Меѓународна ракометна федерација (уред.). „Statistiques cumulées du Danemark au championnat du monde 2013 en Serbie“ (PDF). www.ihf.info. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-20. Посетено на 13 декември 2014. Надворешна врска во |website= (help)

Надворешни врски

уреди