Лудвик Војткевич
Лудвик Војткевич (на полски: Ludwik Wojtkiewicz) е руски офицер (мајор), полјак по потекло[1]. Војткевич бил авантурист и учествувал во голем број востанија и буни во Руската и Отоманската империја, вклучувајќи го и Кресненското востание.[2]
Биографија
уредиСе претпоставува дека Војткевич е роден помеѓу 1825 и 1836 година.[3] Учествувал во Јануарското востание (1863–1864), организирано во Полското кралство против Руската империја, а по неговото задушување емигрирал во Франција. Подоцна се претставувал и како француски офицер на Генералштабот.[3]
Во 1870 година заминал за Отоманската империја и се преселил во македонскиот град Велес.[4] Таму почнал да предава француски јазик во локалното училиште и се оженил со ќерката на истакнатиот јавен деец Димитар Карамфилович. Учествувал во Херцеговското востание(1875 год), како и во Османлиско-српската војна. Учесник е и во Руско-турската војна (1877-1878), како командант на четата во Македонија (септември 1877)[5]. По војната, софискиот комитет „Единство“ го назначил за војвода на доброволна чета со која Војткиевич на 2 октомври 1878 година се обидел да ја помине границата кај Ќустендил, но не успеал.[6][7]
Кон средината на октомври, бил назначен за еден од водачите на Кресненското востание, како војвода на чета од околу 250 луѓе, главно добровоци со кои престојувал во Брезница. Поради својата борбеност, бил назначен за војвода на една од востаничките чети, но влегол во конфликт и борба за превласт со Адам Калмиков. По несогласувањата со бугарските водачи бил сменет и пензиониран во Кнежеството Бугарија[8]. Постои мислење дека неговото отстранување е резултат на интриги на австроунгарските агенти меѓу водачите на востанието[9][10].
Откако во почетокот на ноември Братан (Бањо) Маринов, кој бил еден од предвониците на востанието во Банско е тешко ранет, комитетот „Единство“ на неговото местото го избрало Војткевич за член на воениот совет. Како резултат на тоа, на 12 ноември Војткевич се населил во Банско, а Иван Грнчаров напишал по тој повод:
Мајорот Војткевич пристигна на местото на Маринов; но веќе ја немаше таа храброст. Се постави како да е дојден на гозба, наместо на битка.
Војткевич направил обид за создавање на локална администрација и граѓанско управување. Но склон кон авантуристички акции, повторно влегол во судир, овој пат со Стојан Карастоилов, кој сметал дека пред да го прошират опсегот на востанието, востаниците мора да се зајакнат во заземените населби. Според Дојно Дојнов во екот на востанието, Војткевич го напуштил Банско, оставајќи го градот на својата судбина. Но според други пак, токму Адам Калмико, а не Воиткевич, го напуштил бојното поле кај Банско со група од 200 луѓе[11]. Подоцна тие заедно го организирале убиството на Стојан Карастоилов и неговите четници Георги Чолаков и Иван Трендафилов [12] Васил К‘нчов напишал за Војткевич:
Тој беше добродушен човек и не можеше да ги дисциплинира бунтовниците.[13]
По задушувањето на востанието, емигрирал во Романија, каде, според некои извори, подоцна умрел.[14] Други извори укажуваат дека по неговото заминување во Романија не се знае неговата судбина, а постојат и претпоставки дека се преселил во Кнежеството Бугарија[15]
Наводи
уреди- ↑ Информация за Войткевич на сайта polacywmacedonii.net. Посетен на 27 април 2015 г.
- ↑ Svoboda ili smŭrt: biografia na Gotse Delchev, Mercia MacDermott, Nauka i izkustvo, 1979, str. 49.
- ↑ 3,0 3,1 Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 76.
- ↑ Czyżewska, Małgorzata, Magdalena Turkowska, Polacy w Imperium Osmańskim – Информация за Войткевич на сайта etnograficzna.pl. Посетен на 27 април 2015 г.
- ↑ Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 77.
- ↑ Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878 – 1879, София, 1979, стр. 35 – 36.
- ↑ Информация за Войткевич на сайта polacywmacedonii.net. Посетен на 27 април 2015 г.
- ↑ Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878 – 1879, София, 1979, стр. 46 – 47.
- ↑ Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 80 – 81.
- ↑ Информация за Войткевич на сайта polacywmacedonii.net. Посетен на 27 април 2015 г.
- ↑ Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 82.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 157. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Кънчов, Васил. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско, стр. 329 – 332.
- ↑ Информация за Войткевич на сайта polacywmacedonii.net. Посетен на 27 април 2015 г.
- ↑ Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 83.