Ли Томлин
Ли Марк Томлин (роден на 12 јануари 1989) — англиски фудбалер кој игра за Питерборо Јунајтед како напаѓач или по крилните позиции. Тој претходно играше за Лестер Сити и Рашден и Дајамондс.
Ли Томлин Lee Tomlin | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 јануари 1989 | ||
Роден во | Лестер, Англија | ||
Висина | м | 1,79||
Позиција | напаѓач, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Мидлсбро | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Лестер Сити | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2010 | Рашден и Дајамондс | 158 | (27) |
2007–2008 | →Бракли Таун (позајмен) | 3 | (1) |
2010–2014 | Питерборо Јунајтед | 74 | (16) |
2014– | Мидлсбро | 74 | (16) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Кариера
уредиПочетоци и настапите за Рашден и Дајмондс
уредиТомлин ја започна својата кариера во младинскиот погон на Лестер Сити во 1998 година, пред да продолжи да тренира во младинските категории на Рашден и Дајамондс во 2005 година. Во октомври 2005 година, тој стана најмладиот фудбалер на Рашден кој дебитирал за клубот со само 16 години и десетина месеци, кога тој влезе како замена на местото на Дру Бротон во 74 минута. Во текот на остатокот од сезоната тој направи уште неколку настапи влегувајќи од клупата, но неговиот прв старт во почетните 11 дојде во ноември 2005 година, во преигрувањето на натпреварот од првиот круг на ФА Купот против Халифакс. Тој направи 21 настап во Лига Две во сезоната 2005-06.
Пред почетокот на сезоната 2006-07, Томлин го привлече вниманието на неколку поголеми клубови и бил повикан на проби во Ливерпул. Во текот на сезоната, тој започнал да игра многу поредовно и се почесто бил стартер, со што станува стандарден првотимец на Рашден во оваа сезона. Тој го постигна својот прв гол за клубот против Вејмут во 21 минута, во меч што беше прв на клубот по отпуштањето на дотогашниот менаџер Пол Харт. Тој веднаш постигнува уште еде погодок, овој пат против Алтринхам во ФА Купот во четвртата квалификациска рунда. Тој постигна шест гола во текот на сезоната, играјќи најчесто како напаѓач, но повремено настапува и на двете крила.
Пред-сезонските натпревари за сезона 2007-08 тој ги почна многу силно, постигнувајќи еден гол против Нотингем Форест, и обезбедувајќи си себе место во нападот пред силната конкуренцијата на Сајмеон Џексон и Мајкл Ренкин.
Тој бил префрлен по левата страна во средниот ред за време на сезоната 2009-10 под влијание на неговиот менаџерот Џастин Единбург кој е заслужен за неговиот развој и остварување на неговиот трансфер во професионалните дивизии на Фудбалската Лига. По крајот на сезоната била одбиена понуда од шест-цифри за Томлин од друга екипа од Англиската Blue Square Премиер лига, а се верува дека тоа била екипата на Кроули Таун. По ова од екипата на Рашден потврдиле дека ќе му биде понуден нов договор.
Питерборо Јунајтед
уредиТој потпишал за Лига Еден тимот Питерборо Јунајтед за сума од €250 000 на 6 август 2010. Тој му помога на тимот со многу напорна работа и дисциплина и успева да се здобие со промоција во Чемпионшип лигата веќе во првата сезона со нив. Тој беше стартер во финалето на плеј-офот во кое неговиот тим, популарните The Posh, го растурија Хадерсфилд со 3-0 на Олд Трафорд.
Томлин продолжува да ја развива својата репутација и во Чемпионшип лигата кога на 20 август 2011 година, тој го постигна својот прв професионален хет-трик во натпреварот против Ипсвич Таун, предводејќи го Питерборо до голема победа со огромни 7-1. На 10 декември 2011 година тој постигна прекрасен погодок со глава против тимот во кој поникна, Лестер Сити, за да му донесе бод на својот тим во натпреварот што заврши 1-1. Тој ја заврши сезоната со 8 гола.
Надворешни врски
уреди- Ли Томлин Профил на soccerway