Линиски Острови

(Пренасочено од Линиските Острови)

Линиските Острови (англиски: Line Islands), познати и како Тераина или Екваторски Острови, се островска група составена од 11 атоли и ниски острови во Кирибати во Океанија. Островите се наоѓаат јужно од Хаваите и се протегаат на површина од 2.500 километри што ги прави најдолг островски венец во светот. Осум од островите се дел од Кирибати, додека останатите се дел од САД.

Карта на Линиските Острови.

Општи податоци

уреди

САД тврделе дека островите се нивна територија сè до договорот од Тарава кога се признала независноста на Кирибати. Островската група географски е поделена на три подгрупи: северни, централни и јужни Линиски Острови.

Само три од островите се населени. Вкупното население на островите е 8.809 жители според податоците од 2005, од кои 5,115 се на Киритимати, 2,539 се на Табуаеран и 1,155 на Тераина. Во поглед на површината, Киритимати е најголем атол во светот. Атолот бил дел од Велика Британија во 1888 година.

Острови

уреди
 
Карта на Кирибати.
атол/остров/гребен површина
км2
лагуна
км2
население координати статус

Северни Линиски Острови

Кингменов Гребен 0.03 60 0 6°24′N 162°24′W / 6.400° СГШ; 162.400° ЗГД / 6.400; -162.400 (Kingman Reef) територија на САД
Палмира 6.56 15 ~4 5°52′N 162°6′W / 5.867° СГШ; 162.100° ЗГД / 5.867; -162.100 (Palmyra Atoll) територија на САД
Тераина (Атол Вашингтон) 14.2 2* 1,155 4°43′N 160°24′W / 4.717° СГШ; 160.400° ЗГД / 4.717; -160.400 (Teraina) дел од Кирибати
Табуајеран (Фанинг) 33.7 110 2,539 3°52′N 159°22′W / 3.867° СГШ; 159.367° ЗГД / 3.867; -159.367 (Tabuaeran) дел од Кирибати
Киритимати (Божиќен Остров) c.322 c.320 5,115 1°53′N 157°24′W / 1.883° СГШ; 157.400° ЗГД / 1.883; -157.400 (Kiritimati) дел од Кирибати

Централни Линиски Острови

Џарвис 4.45 - 0 0°22′S 160°03′W / 0.367° ЈГШ; 160.050° ЗГД / -0.367; -160.050 (Jarvis Island) територија на САД
Малденски Остров 39.3 13* 0 4°01′S 154°59′W / 4.017° ЈГШ; 154.983° ЗГД / -4.017; -154.983 (Malden Island) дел од Кирибати
Филипов Гребен - 1.5 0 5°30′S 151°50′W / 5.500° ЈГШ; 151.833° ЗГД / -5.500; -151.833 (Filippo Reef) непознато дали постои
Старбак 21 25 0 5°37′S 155°56′W / 5.617° ЈГШ; 155.933° ЗГД / -5.617; -155.933 (Starbuck Island) дел од Кирибати

Јужни Линиски Острови

Каролински Остров 3.76 6.3 0 9°57′S 150°13′W / 9.950° ЈГШ; 150.217° ЗГД / -9.950; -150.217 (Caroline Island) дел од Кирибати
Восток 0.24 - 0 10°06′S 152°25′W / 10.100° ЈГШ; 152.417° ЗГД / -10.100; -152.417 (Vostok Island) дел од Кирибати
Флинтски Остров 3 - 0 11°26′S 151°48′W / 11.433° ЈГШ; 151.800° ЗГД / -11.433; -151.800 (Flint Island) дел од Кирибати
Линиски Острови 514.74 542 8,809

* Лагуните со ѕвездичка се пресметани во претходната колона за целосна територија бидејќи тие лагуни немаат излез на море.

Поврзано

уреди