Филипов Гребен
Филиповскот Гребен (Filippo Reef) е гребен за кој се верува дека се наоѓа во Тихиот Океан (05°30′S 151°50′W / 5.500° ЈГШ; 151.833° ЗГД), односно на 450 километри источно од Старбак во Линиските Острови, Кирибати. За првпат за гребенот проговорил сопственикот на италијанскиот едрилник „Филипо“ на 28 јуни 1886 година. Според записи од 1926 година, гребенот е под вода само 0.6 до 0.9 метри,[1] долг 1.6 км и нешто помалку широк. Сепак се верува дека овие податоци се грешни и се верува дека Филиповиот Гребен е фантомски остров.
Наводи
уреди- ↑ „The Line Islands, The Cook Islands, The Samoa Islands, and The Tonga Islands (Including Off-Lying Islands and Reefs)“ (PDF). 1990. Посетено на 17 Sept. 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)