Киритимати
Киритимати или Божиќен Остров[1] е атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови. Атолот има вкупна површина од 322 км2 и тоа го прави најголем корален атол во светот.[2] Атолот има лагуна која е слична по површина со самиот атол. Периметарот на атолот е 150 км, додека брегот на лагуната се протега на 48 км.[3] Киритимати зазема 70% од вкупната површина на Кирибати.
Киритимати Kiritimati | |
---|---|
атол | |
Сателитска снимка на островот. | |
Координати: 01°52′N 157°24′W / 1.867° СГШ; 157.400° ЗГД | |
Држава | Кирибати |
Островска група | Линиски Острови |
Киритимати е една од првите територии на земјата која преминува во Новата Година. Во 1950-те Британците на островот извршувале јадрени тестирања, а жителите не биле евакуирани. Поради тоа населението било подложено на зрачење.
Демографија
уредиНаселението на островот во последните години се зголемило, од 2.000 во 1989 година на 5.000 во 2000. На островот има пет села, од кои едно е напуштено:
број | село | население (попис во 2005) |
---|---|---|
1 | Табвакеја | 1,881 |
2 | Лондон | 1,829 |
3 | Банана | 1,170 |
4 | Полска | 235 |
5 | Париз (рушевини) | – |
Киритимати | 5,115 |
Наводи
уредиЛитература
уреди- BirdLife International (BLI) (2007): Tuamotu Sandpiper Species Factsheet Архивирано на 29 септември 2007 г.. Retrieved 24 February 2008.
- Boston Globe, (February 1920).
- Paul Boulagnon (2003), Emmanuel Rougier: Des Isles d'Auvergne a l'Océanie (Fidji, Tahiti, Christmas Island)
- Cook, James (1784): [Birds of Christmas Island]. In: A voyage to the Pacific Ocean, ... performed under the direction of Captains Cook, Clerke, and Gore, in His Majesty's Ships the Resolution and the Discovery, etc. 2: 188-189. London. JPEG fulltext of 2nd (1785) edition
- Massey University (MU) (2008): DNA damage to nuclear test vets prompts call for study of children Архивирано на 9 јануари 2011 г.. Version of 2008-JAN-15. Retrieved 25 March 2008.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Природно-историски музеј Архивирано на 3 март 2016 г.
- Слики од британскот јадрено тестирање на атолот.
- Слики од Киритимати