Лимпопо (покраина)
(Пренасочено од Лимпопо (провинција))
- За реката со истото име, видете Лимпопо.
Лимпопо | |
---|---|
Површина | 123,900 км2 |
Население | 5,273,637 |
Јазици: | сепеди, венда, цонга |
Раси: | Црнци (97,3%) Белци (2,4%) Обоени (0,2%) Азијати (0,1%) |
Главен град: | Полокване |
Најголем град: | Полокване |
Премиер: | Мбхазима Шилова (АНК) |
Лимпопо е најсеверната покраина во ЈАР. Главен град е Полокване (поранешен Питерсбург). Покраината е формирана од северниот регион Трансвал во 1994 и првобитно именувана како Северен Трансвал. Следната година Лимпопо е преименуван во Северна покраина, име коешто остана во употреба до 11 јуни 2003, кога беше сменето во денешното. Покраината е наречена по реката Лимпопо, која ја формира границата на ЈАР со Зимбабве. Друга важна причина за преименувањето во Лимпопо беше Мапунгубве, областа каде најантичката цивилизација која користела злато беше откриена неколку години порано. Племето изгледа имало силни врски со урнатините и цивилизацијата од Големо Зимбабве.