Лејк Луиз (скијачки центар)

Скијачкиот центар Лејк Луиз е одморалиште во западна Канада, сместено во Националниот парк Банф во близина на селото Лејк Луиз, Алберта. Се наоѓа 57 километри западно од Банф, и Лејк Луиз е еден од трите поголеми скијачки центри во Националниот парк Банф.[3]

Скијачки центар Лејк Луиз
Скијање во скијачкиот центар Лејк Луиз
Скијање во скијачкиот центар Лејк Луиз
МестоЛејк Луиз, Алберта,
 Канада
Најблизок градБанф
Калгари
Координати51°26′31″N 116°09′38″W / 51.44194° СГШ; 116.16056° ЗГД / 51.44194; -116.16056
Вкупен спуст   991 метри
Надм. вис. (најгоре)2637 м[1]
Надм. вис. (најдолу)1646 м
Скијачка површина17 km2[2]
Патеки145 [2]
Најдолга патека8 км[2]
Жичници8 [1]
Носивост на жичницитепреку 14,000 скијачи на час
Снежни паркови4
Снежни врнежи454 см годишно
Порталskilouise.com

Одморалиштето се наоѓа на јужните падини од Планините Слејт, опкружено со планински врвови од околу 3000 метри надморска височина.

Историја

уреди

На Лејк Луиз со скијање се започнало од 1920-тите. Првиот ски лифт бил поставен во 1954 година, а жичницата била додадена во 1960 година [4][5]

Настани

уреди

На скијалиштето во Лејк Луиз се одржува првата трка од Светскиот куп во алпско скијање во организација на ФИС и e единственото место во Канада каде што се одржува овој настан.[6] Настанот, познат и како Зимски почеток на Светскиот куп во Лејк Луиз,[7] ги привлекува најдобрите скијачи во спуст од целиот свет - како што е четирикратната Светска Шампионка, Линдзи Вон.[8] Трките почнале да се оджуваат во одморалиштето од 1980 година, а непрекидно се возеле од 1993 до 2020 година. Пандемијата од КОВИД-19 во 2020 година била причина за откажување на трките во 2020 година.[9] Во Лејк Луиз се одржуваат трки и во машка и во женска конкуренцуја од Светскиот куп, и е домаќин на првите трки во спуст и супервелеслалом од Светскиот куп во сезоната.[10]

Во скијачкиот центар Лејк Луиз за прв пат бил домаќин на Светскиот куп во сноуборд во рамките на ФИС во декември 2013 година.[11][12]

Објекти

уреди
Lake Louise Grizzly Express and Lodges, March 2017.

Во Лејк Луиз има 145 означени скијачки патеки на четири планински падини и од нив 25% се за почетнички, 45% со средна тежина и 30% напредни.

Гондолата за разгледување на езерото Луиз работи во текот на целата година, од која можат да се видат панорами на ледниците, природните извори, дивите цвеќиња и дивите животни (како гризли мечки). Одморалиштето нуди можност и за други активности како: санкање со кучиња, лизгање на мраз и крос кантри скијање.

Патеки

уреди
Поглед на патеките и планините, март 2018.
Лесна Средна Напредна Тешка
(Двојно црно) ♦♦
17 25 54 43

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Go Ski. „Lake Louise - Statistics“. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2008-05-12.
  2. 2,0 2,1 2,2 Lake Louise Mountain Resort. „Mountain Statistics“. Посетено на 2008-05-12.[мртва врска]
  3. „Visit Lake Louise | Flights, Holidays & Hotels“. British Airways. Посетено на 2018-09-01.
  4. Williams, Dick (December 12, 1960). „Mount Whitehorn installs modern 3600-foot ski lift“. Spokesman-Review. (Spokane, Washington). стр. 11.
  5. Williams, Dick (December 27, 1961). „Lake Louise area shined“. Spokesman-Review. (Spokane, Washington). стр. 13.
  6. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-29. Посетено на 2013-06-29.
  7. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на 2013-06-29.
  8. „Lindsey Vonn“. U.S. Ski & Snowboard. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 2013-06-29.
  9. Conboy, Marie (22 August 2021). „Lake Louise Audi FIS Ski World Cup called off for 2020“. Bow Valley Crag and Canyon. Посетено на 27 June 2021.
  10. „Lake Louise Audi FIS Ski World Cup – Canada's Premier Alpine World Cup“. www.winterstartevents.com. Архивирано од изворникот на 2022-01-09. Посетено на 2022-01-09.
  11. „2013 Lake Louise Snowboard Cross World Cup“. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 18 August 2016.
  12. „fissnowboard.com - Informationen zum Thema fissnowboard“. www.fissnowboard.com.