Лесковдол
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лесковдол е село во општина Своге, во околината на градот Своге. Населението е 114 жители според пописот од 2011 година.
Географија и местоположба
уредиЛесковдол се наоѓа во делот Мургаш од Стара Планина на 9 км. од градот Своге. Надморската височина е од 700 до близу 1300 метра. Флората и фауната се типични за овој дел од Стара Планина.
Историја
уредиНема веродостојни извори, но се претпоставува дека селото е основано меѓу 1000 и 1300 година.
Демографија
уредиСелото е поделено на безброј маала меѓу кои се Ливада, Селиштето, Кокелени Бабки, Старца, Равништето, Драганов Ток, Падината, Размерица, Ладомерица. Лесковдол има негативна популациона слика. Жителите се намалиле со стотици од 1930 година (кога населението било околу 800 луѓе) и сега во Лесковдол има околу 90 жители. Повеќето куќи се напуштени. Луѓето работат како овчари, дрвосечачи и земјоделци. Во Лесковдол има затворено училиште, стара црква и три гробишта.
Сообраќај
уредиСекој ден два автобуса патуваат од Своге до Лесковдол - еден наутро и еден попладне. Асфалтниот пат води од главниот пат Софија - Своге до центарот на маало Кокелени бабки. Повеќето луѓе живеат таму. Другите патишта се црни и во лоша состојба. Поштенски број - 2268. Писмата се остават во општината.
Иселеништво
уреди-
Црквата
-
Напуштена куќа
-
Училиштето „Христо Ботев“
-
Периферијата на Лесковдол