Леските (Смоквица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Леските

Карта

Местоположба 41°15′33″N 22°28′12″E / 41.25917° СГШ; 22.47000° ИГД / 41.25917; 22.47000
Основни податоци
Место Смоквица
Општина Гевгелија
Тип

 утврдена населба


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Лескитеархеолошко наоѓалиште во гевгелиското село Смоквица. Претставува утврдена населба и некропола од хеленистичко време.

На околу 3 км западно од селото, близу до стариот пат за селото Габрово, на пространа тераса се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. При изградбата на тераси против поројни води било најдено торзо од мермер, а во непосредната близина и повеќе гробови - тип циста. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 114. ISBN 9989649286.