Лерински археолошки музеј
Лерински археолошки музеј (грчки: Αρχαιολογικό Μουσείο Φλώρινας) — музеј на археологијата на Леринско и големопреспанскиот крај во градот Лерин, Егејска Македонија.[1][2]
Αρχαιολογικό Μουσείο Φλώρινας | |
Музејската зграда | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1969 |
---|---|
Место | Железнички плоштад („Сидиродромикос Статмос“) Лерин, Егејска Македонија |
Координати | 40°46′51″N 21°24′50″E / 40.7808° СГШ; 21.4138° ИГД |
Тип | археолошки |
Историја
уредиМузејот е сместен во двокатна зграда на Железничкиот плоштад, изградена во 1969 г. чија внатрешност е обновена во 1999 г. Во збирката има предмети од праисторијата, древномакедонско, римско и средновековно/византиско време. Во приземјето се праисториските поставки, претежно од ископувањата направени во 1997–98 г. во с. Арменово, но и од други места. Изложенио се керамички садови, секојдневни предмети, градежни материјали, камени и коскени сечила, алки од вретена и фигурини. Впечатлива е вилицата на мамут стар 200-500.000 години, откриена во с. Сотир. На приземјето се и надгробните стели од римско време од с. Баница (II - III век), Петерско (II век п.н.е.), Росен (III век), Високуќи (Виткуќ, денес во Албанија, 320 г. п.н.е.), статуи од Баница (машко торзо) и Елевиш (статуа на Артемида) и исклучителен поден мозаик од римска куќа кај Долно Клештино.[2]
На првиот кат се изложени древномакедонски наоди од Петерско и Пателе — сончев часовник, статуа на Артемида, земјоделски сечила и реконструкција на древномакедонска куќа со ѕидаријата, огништето, оставите и др.[2]
Застапени се и артефакти од византискиот и поствизантискиот период од Преспа, претежно од царската базилика „Св. Ахил“ на истоимениот остров (капители, проповедници, столбови), фрески од различни цркви, дел од резбана проповедница од „Св. Преображение“ во с. Кондороби и царските двери од црквата „Св. Атанасиј“ во Герман (XVI век).[2]
-
Праисториски наоди, главно од Арменово
-
Наоди од римско време
-
Царските двери на црквата „Св. Атанасиј“ во Герман (XVI век)
-
Надгробна стела од римско време од Петерско (II век п.н.е.)
Наводи
уреди- ↑ Λιλιμπάκη-Ακαμάτη, Μ. „Αρχαιολογικό Μουσείο Φλώρινας“. Δικτυακή Πύλη Υπουργείου Μακεδονίας - Θράκης. Архивирано од изворникот на 2010-03-04. Посетено на 15 јуни 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Archaeological and Byzantine Museum of Florina“. Museums of Macedonia. Посетено на 15 јуни 2015.
Надворешни врски
уреди- Лерински археолошки музеј на Ризницата ?
- Страница за Леринскиот археолошки музеј Архивирано на 4 март 2010 г. (грчки)