Сотир
Сотир или Сотер грчки: Σωτήρας, Сотирас; турски: Sotur, Сотур) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 108 жители (2011).
Сотир Σωτήρας | |
---|---|
Црквата во Сотир | |
Координати: 40°40.27′N 21°39.55′E / 40.67117° СГШ; 21.65917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Суровичево |
Надм. вис. | 595 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 108 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на надморска висина од 595 м. Сместено е на околу 2 км од гратчето Суровичево во непосредна близина на термоелектраната. Селото е со одлична местоположба во околината поради близината на крстосницата на магистралните патишта Суровичево-Костур од една страна и Птолемаида-Флорина Кајлари-Лерин од друга страна. Атарот на Сотир е сместен во низинскиот дел на Сариѓолската рамнина. На оддалеченост од 5,5км од Сотир се наоѓа и населбата Ксино Неро или Долно Врбени познато по изворите на кисела вода.
Историја
уредиСелото Сотир е старо село кое се спомнува уште во XV век во турките документи со над 95 семејства како тимар на Мустафа син на Акдем и Муса син на Иљаз.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сотир се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[2]
Стопанство
уредиСо оглед на околината наоѓајќи се во низинскиот дел жителите отсекогаш се занимавале со земјоделство. Во поново време од 1987 година навака еден дел од населението директно или индиректно работи во Термоелектраната Аминдео што е на само 12км близина.
Демографија
уредиСпоред повеќето автори кои го имаат споменато селото Сотир, неговото население во големо мнозинство го сочинувале муслимани претежно Турци, но и голем број на циганско население Роми. Понекои автори како 1886 наведуваат и христијанско (македонско) население но во мал број. Во 1924 година со „доброволната“ размена на население муслиманските жители со вкупно 37 семејства и 327 лица, се селат во Турција. На нивно место се населени 48 семејства, христијански бегалци, од кои 26 семејства од Кавказ, 18 семејства од Источна Тракија и 4 семејства од насекаде низ Мала Азија со вкупно 151 жител-маџири.
година | извор | жители |
---|---|---|
1886 | Schinas | 571 |
1900 | Кънчов | 340 |
1910 | Χαλκιόπουλος | 294 |
1913 | Απαρίθμηση 1913 | 305 |
1920 | Census 1920 | 327 |
1928 | Census 1928 | 137 |
1940 | Census 1940 | 248 |
1951 | Census 1951 | 186 |
1961 | Census 1961 | 162 |
1971 | Census 1971 | 153 |
1981 | Census 1981 | 199 |
1991 | Census 1991 | 141 |
2001 | Census 2001 | 142 |
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.