Левче Зорев Стојкоски ( 1922 во Бигор Доленци, Кичевско1944 во Богомила) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Левче Стојкоски
Роден 1922 година
Бигор Доленци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал февруари, 1944 година
Богомила, Македонија под фашистичка окупација.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Бидејќи немал можност да се школува, бил принуден да се занимава со земјоделие. Како напреден младинец, по окупацијата се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година во Групата баталјони, а подоцна станал борец на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата тргнал на познатиот Февруарски поход, каде загинал во февруари 1944 година во борба со бугарските војници.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 128.