Хавана (покраина)

(Пренасочено од Ла Хабана (провинција))
Статистика
Главен град: Хавана
Површина: 5.731,59 км²
Жители: 711.066
Густина на населението: 124.06 жители на км²
Карта
Предлошка:Provinces of Cuba map

Хавана (Ла Хабана, шпански: Provincia de la Habana), Куба, е поранешна покраина во Куба. Самиот град Хавана е посебна покраина, окружена од покраината Хавана. На 1 јануари 2011 г. е поделена на две покраини: Артемиса и Мајабеке и како таква престанала да постои.[1] Населението броело 711.066 жители (2002), а најголем град бил Артемиса (75.000 жит).[2]

Поделбата и укинувањето на покраината Хавана

За да се избегне забуна, треба да е напомене дека градот Хавана и понатаму останува своја покраина, неповрзана со оваа истоимена покранешна покраина.

Покраината Хавана се граничела со градот Хавана и покраините Пинар дел Рио и Матансас. Северно и јужно имала брегови, додека од население места има неколку града и дузини гратчиња.

Јужното крајбрежје на покраината се одликувало со мочуришта и молчурливи земјишта.

Големиот дел од земјоделството на подрачјето на оваа некогашна покраина е посветено на производство на храна, главно говеда, компир и овошје. За ралика од останатите делови на Куба, шеќерот и тутунот играат маргинална улога во покраинското стопанство. Во покраината има доста индустријализација, со бројни електрани и шеќерни мелници.

Општини во поранешната покраина

уреди
  1. Артемиса
  2. Мариел
  3. Гванахај
  4. Каимито
  5. Баута
  6. Сан Антонио де лос Бањос
  7. Бехукал
  8. Сан Хосе де лас Лахас
  9. Харуко
  10. Санта Крус дел Норте
  11. Мадруга
  12. Нуева Паз
  13. Гиинес
  14. Мелена дел Сур
  15. Квивикан
  16. Алквизар
  17. Батабано
  18. Гиира де Мелена
  19. Сан Николас де Бари

Наводи

уреди
  1. „Cuba tiene dos nuevas provincias“. Архивирано од изворникот на 2010-06-10. Посетено на 2013-02-14.
  2. Попис на Куба 2002 Табела на населението