Мајабеке (покраина)
Мајабеке (шпански: Provincia de Mayabeque) е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.[2][3]
Мајабеке Provincia de Mayabeque | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Поглед кон црквата во Сан Хосе де лас Лахас | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Сан Хосе де лас Лахас |
Површина[1] | |
• Вкупна | 3.732,73 км2 (144,122 ми2) |
Население (31 дек 2010)[1] | |
• Вкупно | 381.385 |
• Густина | 1,0/км2 (2,6/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-47 |
Покраината се состои од 11 источни општини од поранешната покраина Хавана, а главен град е Сан Хосе де лас Лахас. Наречена е по реката Мајабеке, на чиј лев брег во 1514 г. е основано селото Хавана (Сан Кристобал де ла Хабана), кое потоа прераснало во престолнина на земјата.[4]
Така, оваа нова покраина е најмала и најмалку населена во земјата, ако не се смета градот-покраина Хавана. Новите покраини стапиле на сила на 1 јануари 2011 г.
Стопанството е мешано. Во земјоделскиот секртор се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, раноградинарските производи и шеќерната трска, а важна улога има и сточарството, особено за производство на млечни производи. Индустријата е застапена главнмо во Сан Хосе де лас Лахас и Санта Крус дел Норте со производство на градежни материјали, електрични кабли, гума, стаклени и керамички садови, преработка на прехранбени производи и хартија, шеќерани, две големи фабрики за рум (марката Havana Club), биофармацевтика (во Бехукал), рибни производи, електрани и експлоатација на нафра и гас. Во покраината има и неколку важни научни установи и универзитет од областа на агрономијата.
Општини
уредиОпштина | Површина (км²) | Население | Густина |
---|---|---|---|
Батабано | 263,43 | 26.944 | 102,3 |
Бехукал | 116,36 | 26.966 | 231,7 |
Гвинес | 433,09 | 67.919 | 156,8 |
Кивикан | 227,1 | 29.463 | 129,7 |
Мадруга | 459,58 | 29.805 | 64,9 |
Мелена дел Сур | 233,56 | 20.646 | 88,4 |
Нуева Паз | 522,8 | 25.471 | 48,7 |
Сан Николас де Бари | 228,86 | 20.695 | 90,4 |
Сан Хосе де лас Лахас | 592,67 | 74.186 | 125,2 |
Санта Крус дел Норте | 379,38 | 34.216 | 90,2 |
Харуко | 275,9 | 25.135 | 91,1 |
Вкупно | 3.732,73 | 381.446 | 102,2 |
Извор: Државни статистики за 2010 г.[5]
Најнаселени градови се Гвинес (42.000 жит.) и Сан Хосе де лас Лахас (37.000 жит.)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
- ↑ La racionalidad como premisa- Periódico Granma
- ↑ Proponen en Pleno del Partido dos nuevas provincias cubanas: Artemisa y Mayabeque (+ Infografía) - Cubadebate
- ↑ ¿Por qué Artemisa y Mayabeque?
- ↑ Mejor atención al pueblo y más funcionalDiario Granma