Лазар Манчевски-Пинџур
Лазар Манчевски - Пинџур бил македонски поет и раскажувач.[1]
Животопис
уредиМанчевски е роден на 21 ноември 1922 година во Неготино. Починал на 7 февруари 1997 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како советник во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1968 година. Автор е на книгите: Песни за татковината (поезија, 1961), Поцврсти од камен (драма, 1961), Градот и љубовта (поезија, 1963), Разорани лаки (поезија, 1964), „Ми заплакало селото Ваташа“ (поезија, 1966), Дијалектика на празникот (поезија, 1966), Делото на едно дете (раскази, 1972), Камен и корен (поезија, 1974), Болка во одот (поезија, 1979), Алови утра (поезија за деца, 1979), Луда Мара (поезија, 1980), Татко, кажи ми (поезија за деца, 1981), Опеани херојства (поезија, 1982), Крвоток (поезија, 1990), Раѓање на денот (раскази, 1990), Патриотски созвучја (поезија со музика, 1991), Сончева далга (поезија, 1992), Пред ново време - песни и стихотворенија, 1941-1944 (поезија, фототипско издание објавено во 1993), Спознанија (поезија, 1995), Кога стапнав на оваа земја (поезија, 1995).
Посмртно прогласен за почесен граѓанин на Неготино
уредиСо одлука на Советот на општина Неготино познатиот поет и романописец Лазар Манчевски- Пинџур посмртно е прогласен за почесен граѓанин на општина Неготино. На ден 11 ноември 2013 ова високо признание, во негово име беше доделено на член на неговото потесно семејство. Симболичниот клучот од градот Неготино на член од неговот семејство, му го врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.[2]
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 152.
- ↑ „ЛАЗАР МАНЧЕВСКИ ПОСТХУМНО ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА НЕГОТИНО“. http://negotino.gov.mk/. 11.11.2013. На
|first=
му недостасува|last=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help); Надворешна врска во|work=
(help)