Ладомир Трајкоски
Ладомир Павлев Трајкоски ( 1893 во Кленоец, Кичевско — 5 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ладомир Трајаноски | ||
Роден | Кленоец, Кичевско, Македонија како дел од Османлиското Царство | |
---|---|---|
Починал | 5 октомври, 1943 година Кленоец, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Бил учесник во Првата светска војна ѝ живеел во САД сè до 1937 година кога се вратил во Белград, а по окупацијата дошол во своето родно село. Определен за борба со окупаторот, активно се вклучил во народно ослободителното движење. Бил избран за претседател на народно ослободителниот одбор во селото. Неговата активност била откриена и бил убиен од балистите за време борбите кај Кленоец на 5 и 6 октомври 1943 година.[1]