Куќа на Пешиновци (Вевчани)
Куќа на Пешиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]
Куќа на Пешиновци | |
---|---|
Куќата во 2023 година | |
Општи податоци | |
Статус | Споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Вевчани, Струшко |
Земја | Македонија |
Завршена | 1927 |
Технички податоци | |
Катови | 3[1] |
Историја
уредиКуќата е изградена во 1927 година пред старата Куќа на Плушковци од XVIII – XIX век, со која образува архитектонски комплекс.[3]
Архитектура
уредиГрадбата е висока куќа со приземје и два ката. Содржи двовисински трем и двоен средишен чардак со изразито издеференциран зимски стан во меѓукатот и летен стан на катот.[1] Приземјето и првиот кат се изработени од камен, зарамнети со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците на првиот кат има украси од тули. Вториот кат на исток и запад е од камен, а останатите ѕидови се од полна тула. Над дрвените прозорци има сводесто украсување од тули. Меѓукатната конструкција е изведена со греди од костеново дрво. Покривот е повеќеводен, исто така е од костенови греди, со ќарамиди врз платно од даски. Дрвените покривни конструктивни греди, кои ја образуваат стреата, завршуваат со украси. Внатрешните врати, подови, како и меѓукатното столбиште се од костеново дрво.[3]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Архитектура / Куќата на Пешиновци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 3,0 3,1 „Куќа на Пешиновци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 1 ноември 2017.
Надворешни врски
уреди- Куќа на Пешиновци (Вевчани) на Ризницата ?