Куќа на Каневчеви (Струга)
Куќа на Каневчеви — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]
Куќа на Каневчеви | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Струга |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Местоположба
уредиКуќата е сместена во Струшката чарија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа на улица „Браќа Миладиновци“ бр. 16.[2] До неа е Спомен-галеријата „Вангел Коџоман“, а спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.
Историја
уредиКуќата е изградена во XIX век. Била сопственост на Милица Канавчева. Според спомен-плочата до влезната врата, на 23 септември 1941 г. во куќата е одржан конститутивниот состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко во присуство на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу, чија биста стои до натписот.
Подоцна куќата прешла во сопственост на Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“.[2] Денес во неа е сместена Средоземната академија „Браќа Миладиновци“.
На 7 декември 1954 г. и повторно на 28 јуни 2017 г. куќата е објавена за споменик на културата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 295.